Echoes of the End: Исландската сага со големо срце

Дебитантскиот наслов на исландското студио Myrkur Games, Echoes of the End, неодамна пристигна на гејминг сцената, носејќи со себе големи амбиции. Уште пред да излезе, играта остави бројни позитивни впечатоци и очекувањата беа, подразбирливо, исклучително високи. Имено, овој акционо-авантуристички наслов ветуваше епско патување низ кинографски свет, исполнето со динамична борба, истражување и решавање загатки. Но, сега кога играта е конечно излезена, дали успева да ги исполни очекувањата на гејмерите или пак отстапува од првичните очекувања?

Echoes of the End излезе за PlayStation 5, Xbox Series X|S и PC под закрилата на Deep Silve издавачите.

Наративната длабочина во светот на Аема

Echoes of the End апсолутно сјае во поглед на приказната и за брзо време успева да ве вовлече во преубавиот, интнригантен свет и мрежата од харизматични ликови. Сместена во фантастичниот свет Аема, инспириран од суровите и волшебни пејзажи на Исланд, EotE веднаш воспоставува меланхоличен тон. Вие ја преземате улогата на Рин, моќна личност со трауматично минато, чија лична мисија да го спаси својот киднапиран брат се претвора во борба против сили што се закануваат да го уништат и она малку што останало од светот.

Наспроти што имате чуено, борбениот систем е функционален и знае да понуди поразлична воздишка од истражувањето и решавањето загатки

Заплетот можеби делува познато за љубителите на темната фантазија, но сепак знае да ве изненади онаму каде што е исклучително важно, особено во извонредниот начин на кој се напишани ликовите. Рин е комплексен протагонист, чиј саркастичен и груб карактер крие длабоки емоционални рани. Нејзиниот развој во текот на релативно долгата авантура е мајсторски изведен. Динамиката помеѓу неа и нејзиниот сојузник, остроумниот Абрам Финли, внесува хумор, топлина и длабочина во приказната. Токму оваа посветеност на градењето силни, повеќеслојни ликови и нивните меѓусебни односи го издигнува наративот и го прави емоционално ангажирачки од почеток до крај.

Поубаво – здравје!

Нерамнотежа помеѓу загатките и борбата

Кога станува збор за гејмплејот, Echoes of the End е игра на контрасти и шансите се дека нема да ги импресионира сите. Од една страна, истражувањето на светот и решавањето на загатките се исклучително добри и се позитивно прифатени од поголемиот дел гејмери и критичари. Загатките се интелигентно дизајнирани и претставуваат цврст темел на искуството, барајќи од вас да ги користите магичните способности на Рин на креативни начини. Ова, во комбинација со силната и крајно впечатлива приказна, допринесува до феноменални моменти кој ќе ве држат силно прилепени до екранот, принудувајќи ви да го затворите едното око на поедноставниот систем со битки.

Секоја загатка ќе предизвика нешто што е помеѓу анксиозност и зашеметувачка возбуда

За жал, борбениот систем, кој оставаше впечаток на возбудлив спој на меч и магија, не успева да го достигне истиот квалитет, барем не за сите играчи. Има моменти кога борбата се чувствува површна и недоволно исполирана, со предвидливи непријатели и неконзистентна механика на избегнување и парирање. Ова знае да создаде нерамнотежа каде што акционите секвенци стануваат предвидлива пречка помеѓу одличните сегменти со загатки. Но, како што напоменавме, доколку сте фанови на истражување и решавање загатки, како и апсорбирање квалитетна приказна, Echoes of the End ќе знае како да ве вовлече во едно прикатно и незаборавно искуство.

Импресивен спектар на магични сили кои највеќе се истакнуваат при решавањето загатки

Технолошка амбиција

Визуелно, Echoes of the End е вистински спектакл. Малиот тим на Myrkur Games паметно ги искористил можностите на Unreal Engine 5, фотограметријата и сопственото студио за снимање движења за да создаде свет што може да парира на многу поголеми ААА продукции. Пределите инспирирани од Исланд, од полиња со вжештена лава до замрзнати глечери, се апсолутно прекрасни и придонесуваат за уникатната атмосфера.

Но, како резултат на тоа, оваа технолошка амбиција зема поголем данок тие први денови од нејзиното излегување. Играта страдаше од значителни технички проблеми, особено на PC платформата, предизвикувајќи чести падови на фрејмови и разни графички и аудио багови. Овие недостатоци до некаде го нарушуваа искуството, но голем дел од нив или се веќе искоренети или пак се во процес на искоренување. Сепак се работи за дебитантски проект од мало студио.

Echoes of the End е игра која е лесно да се сака, но, кај помалку трпеливите гејмери, особено оние кои се повеќе фокусирани на битките, тешко е да се игнорираат нејзините недостатоци. Сепак, играта е солиден прв обид од талентирано студио кое јасно има визија. Со својата длабока приказна, незаборавни ликови и визуелно зачудувачки свет, играта нуди уникатно искуство.

Конечната препорака зависи од вашите очекувања.

Ако сте во потрага по емотивна, наративна авантура што става акцент на истражување и интелигентни загатки, а не толку на длабочината на борбите, тогаш Echoes of the End може да биде едно од најпријатните изненадувања за вас. Играта се истакнува со својата комплексна и емотивна приказна, која е длабоко вкоренета во еден прекрасен свет, исполнет со предизвикувачки и паметно осмислени загатки. Големи се шансите дека штом еднаш ќе потонете во овој свет, нема лесно да посакате да излезете од него. Myrkur Games покажаа огромен потенцијал со овој наслов, поставувајќи цврст темел за својата светла иднина.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Myrkur Games
  • ИздаваDeep Silver
  • Жанр: акција, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 12 август 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk