CONSCRIPT: Director’s Cut – Хоророт на рововите во ново руво

во гејминг

На крајно уникатен начин, CONSCRIPT: Director’s Cut спојува историска реалност и класичен survival хорор. Обработувајќи го периодот за време на крвавата битка кај Верден (1961), играта ве става во улога на осамен француски војник кој тргнува во очајна потрага по неговиот исчезнат брат. Но, наместо да користи натприродни суштества или зомбија за да ве исплаши, CONSCRIPT црпе инспирација и ве заплашува со ужас во најчиста форма, ужас кој произлегува од бруталната реалност на Првата светска војна.

CONSCRIPT: Director’s Cut ве вовлекува во лавиринти од ровови, окупирани тврдини и ничија земја, притоа решавајќи сложени и крајно предизвикувачки загатки, потсетувајќи ве на златната ера на жанрот од доцните 90-ти.

CONSCRIPT: Director’s Cut е немилосрдна и бара стратешко размислување, како и силни нерви. Доколку сте ја играле претходно играта, Director’s Cut, односно 2.0 верзијата носи значителни подобрувања во клучните механики, вклучувајќи ја можноста за движење додека се нишани, иако со намалена прецизност. Управувањето со ограничените ресурси и понатаму има клучна важност, при што муницијата е вистинска реткост, а инвентарот е ограничен, принудувајќи ве постојано да носите тешки одлуки за тоа што ќе понесете, а што ќе оставите зад себе. Новиот систем, пак, за мапирање и маркери значително го олеснува снаоѓањето и го намалува фрустрирачкото лутање, додека новите кратенки низ нивоата значително го олеснуваат движењето низ мапата.

Пикселизираната графика во CONSCRIPT: Director’s Cut е вистински уметнички погодок кој ја засилува нејаснотијата и гротескноста на војната, додека звучните ефекти мајсторски создаваат постојано чувство на анксиозност. Доколку барате вистински предизвик, тогаш не можете, а да не ја цените новата Shellshock тежина која нуди брутално искуство со побрзи и посилни непријатели. Дополнително, опциите за приспособување на тежината и можноста за неограничено сочувување на напредокот се одлични додатоци кои ќе бидат ценети од помалку искусните играчи. Иако играта е замислена да понуди голем предизвик, дефинитивно ја цениме можноста да се помине низ приказната без скубење коса.

Најновата верзија, односно CONSCRIPT: Director’s Cut е квалитетно остварување кое успешно ги модернизира механиките на класичниот survival хорор испреплетувајќи ги механиките со неочекувани наративни заплети. Со додавањето на нови содржини, оружја, костуми и повеќекратни завршетоци, чедото на Jordan Mochi и Catchweight Studio нуди висока вредност и искуство кое преповеда за тоа дека најстрашните чудовишта не се секогаш измислени, туку можат да бидат и производ на човечкиот конфликт. Топла препорака за сите што бараат длабока атмосфера и предизвик.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments