Mount & Blade II: Bannerlord – War Sails: Храбро, ново проширување за култната игра

во гејминг

Mount & Blade II: Bannerlord – War Sails од петни жили сака да биде видека како значајна експанзија за една од најпопуларните средновековни симулаци. Во некој аспект, проширувањето навистина е значајно бидејќи конечно ви дозволува да скокнете од копното кон отворените води, дозволувајќи ви да пловите и да водите впечатливи поморски битки, да управувате со флоти, да истражувате нови територии и да ја искусите сложеноста на поморската стратегија. Но, дали е ова квалитетно реализирано или пак фановите одново ќе треба да бараат помош од заедницата?

Еден битен додаток во Mount & Blade II: Bannerlord – War Sails се нордите. Новата фракција носи свежина во културниот и политичкиот пејзаж на Калрадија. Инспирирани од историските Викинзи, корените на новата фракција се од Северното Кралство, регион карактеризиран со сурови пејзажи и замрзнати фјордови, со населбена структура која е уникатна и честопати лоцирана до морето. За вас, ова значи дека ви се отвораат нови можности за интеракција, било преку трговија со нивните добра, регрутирање на нивните специјализирани воини или пак преку директен конфликт за доминација над северот.

Како што напоменавме, на располагање го имате новиот систем за поморско војување. Системот, како и другите клучни системи, се стреми кон реализам заснован на историски записи од средниот век. Притоа, физиката на водата и ветерот игра клучна улога, влијаејќи различно на бродовите. Што се однесува до самите битки, може да имплементирате стратегии поврзани со стрелачки напади од далечина, користење на опсадни оружја како балисти за уништување на едрата и намалување на мобилноста на противникот, како и брутални судири преку директни, физички удари за да испеете да се качите на туѓиот брод. За уште поголема тактичката длабочина, имате можност да врзете повеќе непријателски бродови одеднаш или да формираат пловечки тврдини.

Претходно споменавме за тоа како временските услови играат огромна улога. Динамичниот временски систем сега вклучува бури и променливи ветрови кои директно влијаат на брзината на патувањето и состојбата на флотата. Па така, крајбрежните градови можат експоненцијално да се збогатат преку поморска трговија, но истовремено стануваат ранливи мети за пиратски напади и инвазии. Опсадите исто така еволуираа, дозволувајќи им на армиите да координираат поморски блокади за да го спречат снабдувањето на непријателот по морски пат.

Во поглед на управувањето со ресурси, добивате пристап до флота од дваесетина различни пловни објекти, варирајќи од мали рибарски чамци и брзи трговски бродови, па сè до масивни воени галии. Секој брод поседува специфични карактеристики на управување, кои, како што кажавме, се диктирани од физиката на брановите и ветерот. Дополнително, можете да вршите надградба на трупот, едрата, да опремувате со опсадни машини и да го менувате просторот за товар. Бродоградилиштата, пак, стануваат клучни економски објекти чија понуда зависи од културата и развојот на градот, а можноста за заробување на непријателски бродови по битка додава дополнителен мотив за агресивен пристап.

Иако поморската борба е доволно интуитивна и верна на историскиот период, одредени нови механики, како системот за прикрадување се одликува со несмасни и лошо имплементирана изведба. Згора на тоа, некои мисии можат да делуваат небалансирано, предизвикувајќи фрустрација кај играчите со нефер тежината. Нема да се изненадите и доколку наидете на одредени технички багови кои значително влијаат на севкупното искуство. Искрено се надеваме дека голем дел од овие работи се искоренети или надградени во моментот кога го читате овој текст, особено непопуларната потреба постојано да сте приклучени на интернет за да го играте овој наслов.

Нема никако сомневање дека War Sails е амбициозно проширување за Mount & Blade II: Bannerlord, успешно интегрирајќи еден нов екосистем во играта. Иако постојат одредени технички и дизајнерски пропусти, особено во поглед на мисиите и рестрикциите за поврзување, чувството на управување со масивна флота и стратегиската длабочина што ја нудат поморските блокади и трговијата се значајни за сите ветерани на играта. Поради тоа, доколку барате нови предизвици и поинаков начин на освојување на Калрадија, оваа експанзија нуди доволно содржина за да го оправда кревање на едрата и пливањето во нови, непознати води.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments