Интервју со Crunchy Leaf Games за нивната штотуку-излезена игра Galactic Glitch

На краткo:

  • Разговараме со директорот Макс Дом
  • На Galactic Glitch има работено тим од Украина
  • Развојот на играта траел повеќе од една деценија
  • Сите средства спечалени од играта ќе бидат донирани на украинскиот народ
  • Galactic Glitch e одличен roguеlite шутер на кој допрва ќе се работи

Galactic Glitch e roguelite шутер кој излезе во раниот пристап на Steam на 15 јули. Во првите дена од нејзиното постоење, играта собра 95% позитивни рецензии на Steam. За нашите впечатоци повеќе можете да прочитате тука! Во меѓувреме, иако знаевме дека девелоперите се крајно зафатени со лансирањето на играта, сепак решивме да им пишеме и да ги замолиме на кратко да одговорат на нашите прашања. На наше пријатно изненадување, ја имавме честа да разговараме со Макс Дом, директорот кој стои зад Galactic Glitch.

IT.MK: Што можете да ни кажете за вашето студио и за вашите претходни проекти?

Макс Дом: „Ние сме Crunchy Leaf Games, мал инди тим распространет низ Европа. Galactic Glitch е нашата четврта игра, по 3030 Deathwar Redux, Rise of Legions и Crystal Clash. Ние едноставно сакаме да правиме кул, забавни игри кои се чувствуваат поинаку.“

И нивните игри навистина се чувствуваат поразлично. Секоја од нив се одликува со едноставни, но крајно забавни механики кои се замислени да понудат голема забава во мало пакување. Како нивна најамбициозна игра се истакнува Galactic Glitch. Уште во првите моменти во играта може да се забележи огромна посвета на детали. Токму поради тоа, прашавме што ги има инспирирано да го создадат светот, механиките поврзани со битки засновани на физичките закони, како и музичката подлога.

Макс ни објасни дека на играта е работено 10 години. За толку долго време нормално е да се очекува дека: “Galactic Glitch има значително еволуирано…

Вметнување на физичките закони во 2014 година беше од клучно значење за нас. (играта) Noita ни беше голема инспирација – ни покажа колку физиката може да влијае за извлекување имерзивен и забавен гејмплеј. За флуидни битки, ние црпевме идеи од Hades и Dead Cells, додека Enter the Gungeon и Binding of Isaac ни помогнаа да осмислиме интересни комбинации на оружје. Концептот на симулираниот универзум ни овозможи да станеме креативни со физиката.“

Дали имаше одредена механика што сакавте да ја воведете во играта, но од некоја причина не ја имплементиравте во моментната верзија?

Експериментиравме со замена на оружје за време на рановите. На почетокот изгледаше интересно, но го нарушуваше концептот за брзина и флуидност. Поради тоа, се решивме да одиме со по едно оружје за секој ран, што излезе дека е сосема во ред и во тон со нашата визија. Понекогаш, едноставните концепти најдобро функционираат.

Како што напоменавме, нема ни два дена од излегувањето на Galactic Glitch, но, по се изгледа, оние гејмери кои ја проверија играта се задоволни. Низ Steam наидовме на многу позитивни рецензии. Но, како е Макс задоволен од приемот?

Играта ја лансиравме на 15-ти јули и реакцијата беше фантастична. Играчите навистина уживаат во гејмплеј елементи, што е одлично да се види. Добивме и многу корисни повратни информации, па затоа сме возбудени што ќе продолжиме да ја подобруваме играта.

Тука некаде, го замоливме Макс да сподели некој омилен или највпечатлив момент кој произлегува од развојот на играта. Покрај делот со имплементирање на физиката во играта, Макс искажа пофални зборови и до тимот за визуелни ефекти:

Нашиот VFX тим навистина се има надминато, особено во поглед на шејдерите кои доминираат на границите од просторијата – ефектите кои ги имплементираа навистина допринесе до повпечатливо визуелно искуство. Всушност, секој пат кога додаваа нови ефекти, играта заживуваше на нови, секогаш-интересни начини. Беше исклучително забавно да се види како играчите ја користат физиката на начини на кои никогаш не очекувавме.

Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте при работата на Galactic Glitch, од техничка гледна точка?

Прилагодување на параметрите поврзани со физичките закони беа предизвик. Сакавме играчите да можат да комуницираат со сè – карпи, непријателски делови, буквално со сите елементи кои се на екранот – без таквото нешто да влијае на перформансите. Урамнотежувањето на тоа со twin-stick механиката знаеше како да не измачи и да бара од нас да се навраќаме на одредени елементи одново и одново.

Но, Galactic Glitch криеше многу предизвици надвор од техничкиот дел, особено кога ќе се земе во предвид дека добар дел од тимот е од Украина…

Можете ли да ни кажете како војната влијаеше на креативниот и развојниот процес и како се справивте со таквите предизвици?

Беше неверојатно тешко за нашите девелопери во Украина. Ситуацијата имаше длабоко емотивно влијание врз сите нас. И покрај ова, ние останавме посветени на завршување на играта. Го донираме целиот профит од Galactic Glitch како еден вид поддршка за луѓето во Украина. Се чини дека тоа е она што треба да направиме.

При крајот на нашето интервју, го замоливме Макс да сподели нешто и со нашите девелопери.

Каков совет би дале на некој што штотуку започнува во гејмерската индустрија?

Чекорете со мали чекори и бидете истрајни. Нам ни требаше повеќе од една деценија да ја развиеме Galactic Glitch. Не се плашите да експериментирате – нашиот физички систем целосно ја трансформираше играта. Инспирирајте се од игрите на кои им се восхитувате, но секогаш настојувајте да додадете свои уникатни елементи.

Како за крај, го прашавме Макс дали има уште нешто да каже за играта, тимот или луѓето кои го поддржале Crunchy Leaf Games низ годините:

Ние сме неверојатно горди на Galactic Glitch, особено ако земат во предвид предизвиците со кои се соочивме. Нашиот тим беше извонреден во текот на целиот период. Благодарни сме на нашата заедница – нивните повратни информации во текот на годините беа од непроценливо значење. Се надеваме дека сите уживаат во играта што ја создадовме. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да ја подобруваме играта врз основа на повратните информации кои ќе ги собереме за време на раниот пристап!

Огромна благодарност до тимот зад Galactic Glitch за одвоеното време и за одличната игра!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments