Bullet Noir: Одмазда како единствен изглед

во гејминг

Студиото Wolcen, познато по своите амбициозни проекти, неодамна го претстави својот најнов наслов, Bullet Noir. Играта штотуку излезе од фазата на ран пристап, подновувајќи се со целосно ново поглавје, подобрени модови, целосна поддршка за контролер, подобрен кориснички интерфејс и многу повеќе. Како храбар чекор во нео-ноар жанрот, играта претствавува брутална и стилизирана акција од птичја перспектива, нудејќи, притоа и мрачна приказна за одмазда, раскажана низ очите на четири ликови. Зошто би требало да навлезете низ ваквите мрачни, дождливи улици на неименуван град каде секоја грешка може да биде последна?

Брутално, стилско и интелигентно дизајнирано патување во срцето на темнината

Приказната се одвива низ поглавја, при што секое поглавје се фокусира на еден од четирите лика, дозволувајќи подлабоко истражување на мотивациите, минатото, како и внатрешните демони на секој протагонист.

Споредено со други слични игри, Bullet Noir се одликува со една, бескомпромисна механика на играње. Како twin-stick shooter, контролите се интуитивни, овозможувајќи прецизно движење и нишанење, но вистинскиот предизвик доаѓа од фундаменталното правило дека еден куршум е доволен убиете, но и да бидете убиени. Механиката е толку добро осмислена да создава постојана тензија, принудувајќи ве да размислувате тактички. На некој начин, секое ниво се претвора во сложувалка каде што позиционирањето, користењето на околината за заштита и брзите рефлекси се клучни за преживување.

Во поглед на решавање на конфликтите, можете да се обидете со агресивен напад, влетувајќи во просториите со оружје во рацете, или пак да одберете потивка, тактика, елиминирајќи ги непријателите еден по еден од сенките. Секој од четирите протагонисти има уникатни способности кои дополнително го збогатуваат начинот на игра и овозможуваат различни стратегии за надминување на предизвиците.

Атмосферата во Bullet Noir е извонредно доловена преку нејзиниот специфичен визуелен и звучен дизајн. Графички, играта користи силен висок контраст, со доминација на темни сенки и остри извори на светлина, што е карактеристично за ноар естетиката. Употребата на бои е минималистичка, но ефективна, честопати акцентирајќи ги клучните елементи како што е крвта, содавајќи силен визуелен впечаток. Оваа стилизација не е само естетски избор, туку и функционален дел од играта, бидејќи сенките, како што кажавме, стануваат ваш сојузник. Звучната подлога дополнително го засилува мрачното расположение со амбиентална, џез-инспирирана музика која, во комбинација со звучните ефекти, совршено се вклопува во дождливиот и меланхоличен амбиент.

Целосната верзија 1.0 ја заокружува приказната со ново, петто поглавје, а истовремено носи и значајни подобрувања како што се редизајниран кориснички интерфејс, целосна поддршка за контролер и подобрени режими на игра како Arcade и Speedrun, со што се зголемува, нели, вредноста и можноста за повторно играње.

Bullet Noir е наслов кој безрезервно им го препорачуваме на љубителите на предизвикувачки акциони игри и на оние кои уживаат во длабоки, атмосферски ноар приказни. Доколку сте фан на игри како Hotline Miami, но посакувате искуство со поизразен наратив и потемна, позрела естетика, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Механиката со еден меток можеби нема да им се допадне на оние кои бараат поралксирачко искуство, но играта знае како да ги награди оние кои се подготвени за предизвик. Со својата уникатна визуелна презентација, одлична атмосфера и интригантна приказна раскажана од повеќе агли, Bullet Noir се издвојува како еден од поинтересните независни наслови оваа година..

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments