Фановите на ултра популарната ММОRPG игра, The Elder Scrolls, можат бесплатно да го проверат домот на Dark Elves.
Morrowind е една од најдобрите експанзии за играта и ви дозволува да истражувате огромна, мистериозна и преубава локација, со тони и тони квестови и интересни ликови. Тоа значи дека можете да одите каде било во зоната Vvardenfell и да поминете низ целата главна приказна и сите споредни квестови. Паралелно со ова, добивате неограничен пристап до Halls of Fabrication трајл, како и почетниот квест кој ќе ве воведе во новата High Isle експанзија.

Ова е навистина добро. Со години, Vvardenfell е една од омилените мапи на голем број играчи и навистина нѝ е мило што земјата ќе здогледа значително повеќе посетители. Иако многу работи ви се отклучуваат бесплатно и без ограничувања, сепак не ја добивате целата експанзија.
За жал, класата Warden, една од најсвежите класи, која отклучува бројни магии и можност за контролирање мечка, останува заклучена зад платежен ѕид. Бидејќи и понатаму чини 1500 круни, би можеле во некоја прилика да купите само една месечна претплата за да добиете доволно круни за да ја отклучите.
Кога ќе влезете во играта, би требало Morrowind додатокот автоматски да ви е отклучен. Во случај да не е така, можете да си го „купите“ за 0 круни во продавницата.

Сево ова се прави за да се привлечат што е можно повеќе играчи и да се генерира доволно хајп за најновата експанзија која излегува во јуни. Насловено како High Rise, поглавјето е замислено да ги отвори портите на до-сега-неистражената територија на Бретонците.
Исто така, промоцијата се поклопува и со осумгодишнината на играта. За време на овие осум години, The Elder Scrolls Online исфрли пет експанзии, односно поглавја, и дваесетина додатоци кои или се комбинации од две PvE зандани или пак пократки приказни, сместени на помали мапи. Моментно, во играта се слави на големо со интересни настани и награди. Во полето со секојдневни награди дури и се подарува феноменално животно за јавање.