Како во изгледот, така и во функционалноста, Before I play е веб сајт кој е осмислен во духот на Wikipedia, но со една огромна разлика. Сајтот специјализира само во одделот за видео игри и ви ги кажува работите што треба да ги знаете пред да започнете со играњето.
Доколку сте гејмер тогаш сигурно ви се случува да ја играте одредена игра на „погрешен“ начин, како премногу да се задржите во одреден реон, да не отклучите важно оружје или пак да трошите валути на непотребни работи. Овие и многу други работи ви се сервираат преку Before I play, без да се откриваат работи кои се критични за приказната, односно гејмплејот. Поради тоа, сајтот вешто крие спојлери, но ние сепак налетавме да работи кои посакавме сами да ги откриевме во играта, а не да ги дознаеме предрака. Така да, меч со две острици.

За да се правилно информирате за играта која планирате да ја играте, можете да ја пребарате преку соодветното поле за пребарување или пак да ја пронајдете од листата.







