0 коментари 2 мин. читање 1 септември, 2020

The Division e бесплатна

Во наредната недела дена, Ubisoft ја поклонува целата игра The Division. The Division е пукачка игра во трето лице, техно трилер кој целосно се фокусира на вртоглава акција и на собирање најразличен плен во Њу Јорк кој е целосно втурнат во последиците на вирална пандемија. Како огромни фанови на The Division серијалот, од срце препорачуваме да ја проверите играта, сами или со пријатели.

За да нема недоразбирање, не е дека The Division ќе може да се игра само недела дена. Напротив, доколку неделава си ја прикачите на вашиот акаунт, можете да ја играте засекогаш. Играта се одликува и со сезонска пропусница и додатоци кои никако не ви ги препорачуваме доколку не сте по PvP аспектот на играта.

За да ја зграпчите играта, упатете се на uPlay и кликнете на PC копчето. Штом ја регистрирате играта на вашиот акаунт можете да започнете со преземање и играње.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top