Vilde: Адреналинска фузија на нордиска митологија и Roguelite хаос

Во последно време, има се повеќе и повеќе roguelite игри. Основата идеја зад овој контекст е исклучително забавна и, кога гејмплеј механиките се добро реализирани, добивате забаен наслов кој пружа неброени часови забава. Vilde e пукачка игра од прво лице која се труди да ги помести границите на roguelite жанрот така што комбинира брза акција со богатството на нордиската митологија. Но, дали чедото на развојното студио Chaotic Minds успева во ова?

Основната механика на Vilde се врти околу класичниот roguelite циклус каде навлегувате и истражувате рандомно генерирани нивоа, се борите се додека не можете повеќе, умирате и започнувате нов обид каде сте за нијанса посилни од претходниот пат. Оваа постојана променливост го спречува чувството на монотонија и бара опостојано да се прилагодуваат стратегиите. Целта не е само да се преживее, туку и да се создаде совршена комбинација на оружја, способности и надградби за да се стигне што е можно подалеку во непредвидливиот хаотичен свет.

Еден од највпечатливите аспекти на Vilde е неговиот креативен и разновиден арсенал. Со над 23 различни оружја, играта ги надминува конвенционалните граници. Дополнително, секое оружје доаѓа со алтернативен режим на пукање кој дополнително ја зголемува тактичката длабочина. Па така, едни оружја може да отвораат црни дупки, додека други овозможуваат телепортација или предизвикуваат верижни реакции. Благодарение на ова, се пружаат нови и фундаментално различни начини за пристапување кон битките.

Покрај импресивниот арсенал, имате на располагање и 15 различни способности. Од овие способности, можете да опремите само четири истовремено што, верувајте, е повеќе од доволно. Овие способности се движат од дефанзивни магии, како што е создавање ледени ѕидови, до разорни напади како метеорски дождови или потреси на земјата. Вистинскиот потенцијал се отклучува кога ќе започнете да ги комбинирате овие способности со ефектите на оружјата и дополнителните рунски надградби. Создавањето на синергиски комбинации е клучен дел од искуството и, кога ќе се направи добро, знае вистински да го награди експериментирањето.

Светот на Vilde е динамичен и постојано се менува. Ова се должи на трите различни локации. Секоја од локациите се одликува со посебна атмосфера, темпо и визуелен идентитет, нудејќи уникатни и разновидни предизвици. Непријателите се, подразбирливо, составен дел од оваа динамика. Имате на располгање над 24 уникатни типови на противници кои константно ве принудуваат да учите, да се прилагодувате и постојано да бидете во движење.

Vilde се позиционира како исклучително ветувачки наслов за сите љубители на брзи FPS игри и roguelite жанрот. Со својот уникатен спој на нордиска митологија и модерно, хаотично вооружување, играта нуди задоволително искуство кое е дополнително потпомогнато од преубавата графика. Ако уживате во предизвикот на постојано менување на световите, експериментирање со луди комбинации на оружја и способности, и борба против инвентивни непријатели, тогаш Vilde е игра која дефинитивно треба да ја следите.

Сепак, не е сè сјајно, и ќе ви биде потребна одредена доза на толеранција доколку одлучите да ѝ пристапите на играта. Имено, надградбите најчесто се сведуваат на скромни статистички зголемувања на одредени офанзивни и дефанзивни способности, што не остава впечаток дека значително ќе ви помогнат во раните фази. Паралелно со тоа, оружјата ја немаат тежината и веродостојноста присутни во други FPS наслови, а одредени анимации знаат да бидат успорени или предолго да траат. Бидете подготвени и за одредени грешки и недоволно полирани борбени механики кои можат да го загрозат целокупното искуство. Ова е игра за која дефинитивно би било ценето да има демо верзија, со цел правилно да процените дали го заслужува вашето внимание. Вака како е, пријдете и со одредена резерва.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments