Инвестиција од 600 милиони евра го катапултира Helsing меѓу највредните европски стартапи

во ИТ.ЕУ

Инвестицискиот фонд на Даниел Ек, основачот на Spotify, ќе одвои 600 милиони евра за германскиот стартап Helsing. Со оваа инвестиција Helsing стана еден од највредните технолошки стартапи во Европа.

Најголем инвеститор во оваа рунда е Prima Materia, фонд основан од основачот на Spotify, Даниел Ек и Шекил Кан. Покрај нив, во стартапот инвестираа и постоечките инвеститори Lightspeed Venture Partners, Accel, Plural, General Catalyst и Saab.

„Како што Европа брзо ги зајакнува своите одбранбени капацитети како одговор на еволуирачките геополитички предизвици, постои итна потреба од инвестиции во напредни технологии што ќе ја обезбедат нејзината стратешка автономија и безбедносна подготвеност“, вели Ек.

Стартапот откри дека ќе ги инвестира средствата во технолошка независнот на Европа, односно компанијата ќе се обиде да развие дел од критичните технологии како вештачката интелигенција во Европа, пишува CNBC.

Од софтвер со вештачка интелигенција до хардвер

Helsing е германски стартап за одбранбена технологија. Стартапот е основан во 2021 година, и брзо се етаблира како лидер за креирање на вештачка интелигенција (АИ) за воени цели. Седиштето на компанијата е во Минхен, но работат и во Франција и Обединетото Кралство. Helsing е основан од Торстен Реил (Torsten Reil), Гундберт Шерф (Gundbert Scherf) и Никлас Келер (Niklas Köhler). Според тврдењата на соосновачите нивна мисија е преку вештачка интелигенција и софтвер да ги заштитат либералните демократии. Компанијата работи на решенија кои ги подобруваат одбранбените способности на државите кои ги користат.

Даниел Ек, основач на Spotify / Photos by @Kmeron for LeWeb11 / Flickr / CC BY 2.0

Helsing е фокусиран на развивање АИ софтвер кој може да обработува огромни количини сензорски податоци во реално време. Потоа ги претвора податоците во корисни информации и помага за подобри одлуки на бојното поле. Ова вклучува системи за електронско војување, а од лани и беспилотни летала.

Во почетоците Helsing беше софтверска компанија, но сега се проширува и во хардвер. Компанијата развива сопствени дронови како што се HX-2 камиказа дронот и SG-1 Fathom автономни подводни дронови.

Helsing е една од компаниите кои имаат голема придобивка од интересот за инвестирање во стартапи кои работат на паметна воена технологија. Со оглед на гео-политичката состојба во светот, тоа веројатно и не е изненадување. Војната помеѓу Израел и Иран, војната во Украина, конфликтот помеѓу Индија и Пакистан се само дел од актуелните жаришта.

Со оваа инвестиција од 600 милиони евра вредноста на Helsing порасна на импресивни 12 милијарди евра. Со тоа компанијата стана еднa од петте највредни приватни технолошки компании во Европа. Пред околу една година стартапот собра инвестиции во вредност од 450 милиони евра. Таа инвестициска рунда беше предводена од General catalyst.

Брзиот раст на Helsing, но и на целиот сектор ја одразува зголемената потреба за напредни одбранбени технологии во актуелната гео-политичка состојба. Helsing од 2022 година е активен во Украина, обезбедувајќи способности и технологија за операции на првите борбени линии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk