Legacy of Kain – Defiance Remastered: Сенки од минатото во ново руво

Legacy of Kain е серијал кој несомнено зазема важно место во срцата на гејмерите, прво поради амбициозната приказна и мрачниот, хипнотизирачки свет на Носгот, а потоа и поради бројните механики кои, на времето, беа исклучително револуционерни. Во 1996 година, серијалот ги отвори портите со Blood Omen: Legacy of Kain, но, според многумина, вистинската еволуција за серијалот се случи во 1999 година, со излегувањето на критички признатиот Legacy of Kain: Soul Reaver. Ејми Хениг целосно го насочи фокусот кон 3Д акциона авантура и не запозна со трагичниот антихерој кој толку децении живее во нашата потсвест. Со Soul Reaver 2 и Blood Omen 2, студиото успеја да изгради една од најкомплексните приказни, заплети кои се испреплетени со патување низ времето, парадокси и филозофски прашања за фатализмот. Кулминацијата на оваа приказна дојде во 2003-та година со Defiance. Сега, одново го добиваме истиот хит, само во ново и модерно руво. Што е она што треба да знаете за надградената верзија? Таквото нешто доаѓа веднаш по трејлер скокот!

Клучни карактеристики:

  • Двојна перспектива: Играње со Кејн и Разиел, нудејќи уникатни механички способности преку различни перспективи.
  • Модернизација по избор: Способност за инстантна промена помеѓу класичната и новата, надградена графика во реално време. Истово важи и за оригиналната фиксна и новата слободна камера.
  • Епски наратив и аудио: Врвна гласовна глума (предводена од Сајмон Темплмен и Мајкл Бел).
  • Ексклузивна архива: Пристап до претходно необјавени материјали, вклучувајќи нивоа кои не биле дел од основната игра. На располагање имате и опсежна дигитална енциклопедија за митологијата на Носгот, алтернативни изгледи за ликовите и вграден фото-режим.

Приспособена за современи хардверски платформи.

Во Defiance, на располагање ја имате добро-познатата приказната поврзана за филозофскиот конфликт помеѓу слободната волја и предодреденоста. Додека Кејн се обидува да ја промени својата судбина и да го спаси светот кој самиот го осудил на пропаст, Разиел трага по вистината зад неговото создавање и константните манипулации од повисоките космички сили. Како што обично е кога судбината ќе ги вмеша прстите, нивните патишта неизбежно се вкрстуваат во еден простор исполнет со политички интриги, древни пророштва и готска архитектура. Доколку никогаш не сте ја играле Defiance, ќе наидете на проникливо и сериозно сценарии сценариот кое маестрално ги избегнува едноставните поделби на добро и зло. Наместо ова, играта ве вовлекува во сиви морални зони кои бараат константно преиспитување на сите проблеми.

Во Defiance вие наизменично ги контролирате двата ликови. Притоа, во зависност од ликот кој го контролирате моментно, поседувате различни борбени стилови и методи за интеракција со околината. Присатна е, секако, познатата динамика на менување светови (материјален и духовен). Ова и понатаму е клучно за решавање на бројните загатки. Борбениот систем беше импресивен на времето, но сега знае да остави впечаток на едни исти повторливи акции, односно анимации. Да, користењето на митските мечеви и телекинезата и понатаму е визуелно задоволувачко, но недостасува подлабока сложеност во пресметките со обичните непријатели. Hack-and-slash елементите често се сведуваат на повторување на истите комбинации на удари. Ова, низ кампањата, знае да засмета, но сепак се работи за римастер, а не за римејк.

Техничката модернизација?

Графиката во римастерот е видно подобрена. Таквото нешто е најочигледно преку текстури со повисока резолуција и надградени модели на ликовите. Воведувањето на флексибилен систем на камера од трето лице, пак, ги решава фрустрациите кои ги имавме со фиксните агли. Ова, меѓутоа, доаѓа со цена. Сега имате нова слобода на движење, но таквото нешто понекогаш ги открива недостатоците на оригиналниот дизајн на нивоата. Имено, просториите дизајнирани за фиксни кадри повремено делуваат празно од новата перспектива. Но, како што кажавме, целта на студиото е да вдахне нов, но познат живот. Нам ни одговараше да не се премногу чепка оригиналот туку само да ни се дадат модерни можности за навраќање во него. А и кога ќе се земат работите во предвид Defiance не се првенствено ужива поради графиката, туку поради театралниот и речиси шекспировски дијалог. Глумата и понатаму останува најсилна точка, давајќи соодветна тежина на темите кои се обработуваат. 

Нема никаково сомнеавање дека Legacy of Kain: Defiance Remastered е повеќе од добредојден римастер – компетентна надградба на наративно богатата авантура. Основната структура на дизајнот на нивоата и битките загарантирано ќе ги разиграат срцата на носталгичарите, а техничките интервенции успешно ги ублажуваат најочигледните елементи на кои не им е местото во модерното доба. Defiance нуди прекрасен нов начин и за новите генерации да се запознаат со една од најкомплексните приказни. Поради тоа, независно од тоа дали сте ја играле играта или не, сега навистина е времето да навлезете во авантурите на Кејн и Разаел. Со малку среќа, можеби би можеле да видиме и нешто целосно ново од овој универзум.

Веќе сте тука, зошто да не прочитате и за претходниот римастер?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments