Legacy of Kain Soul Reaver 1&2 Remastered се достојни римастери на игрите од пред две децении

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Иако ги имаме со години Legacy of Kain: Soul Reaver 1 и 2 во нашата Steam библиотека, никако да седнеме и да ги заиграме. Низ годините, имаме слушнато бројни убави работи за нив, но како нешто да не одвратувашe од авантурите со Разиел. По се изгледа, мора да сме потсвесно чекале да излезе Legacy of Kain Soul Reaver 1&2 Remastered. Оваа неодамна излезена верзија прави забележителна графичка наградба на игрите и конечно му дозволува на модерниот гејмер да ја искуси култната приказна во малку поубаво опкружување.

Паднатиот демон

Пред да навлезете во римстер верзијата на овие две игри, потребно е да имате во предвид дека ова се истите тие стари игри, со одредена графичка и функционална надградба. Имено, најзабележителната графичка надградба е во поглед на моделите. Разиел, Кејн, како и бројните непријатели изгледаат неспоредливо подобро од оригиналните игри. На некои непријатели е посветено толку време и детали да се буквално непрепознатливи од оригиналните модели.

Од друга страна, меѓутоа, околината не изгледа драстично поразлична од оригиналот, барем не со ист интензитет како ситуацијата со моделите. Имено, некои текстури се значително преработени, но некои едвај пипнати. Знаеме за сево ова затоа што во кој било момент можете да претиснете копче и инстантно да ги замените новите текстури со оригиналните. Ова е феноменална опција за која се надеваме дека ќе стане задолжително нешто во сите римастери. Дополнително, сега камерата ви дозволува да го истражувате светот во 360 степени, давајќи ви поголема слобода во снаоѓање низ светот и борење со непријателите.

Кога сме кај битките, се чини дека истиот систем е задржан, без забележителни промени во нападите. Поради ова, Разиел трапаво напаѓа, мачејќи се да направи конекција со непријателите, нешто што, верувајте, знае да исфрустрира низ долгата кампања, правејќи го делот со битките еден од послабите аспекти на овој римастер. Не мора да значи дека играта е лоша, напротив, вистинските фанови ви кажале дека ова само ја задржува душата на култните класици. Сепак се работи за римастер. Тоа беше техничкиот дел, но што е со гејмплеј механиките?

Убава трансформација

Како господар на вампирите, Кејн станува љубоморен на крилјата на Разиел. Иако фрлен во вечната пеколна вода на заборавот, Разиел ќе успее да се извлече. Покрај нов изглед, паднатиот слуга на Кејн ќе се здобие и со серија од нови способности. Една таква способност е можноста да скокате од еден во друг свет. Во мистичниот свет, водата има исти својства како и воздухот, а и не сте во можност да стапувате во интеракција со бројни физички предмети кои се дел од другиот свет.

Кога ќе се префрлите во другиот свет, во реалниот, ќе можете да отворате врати, да влечете гајби и ред други работи. Вашата форма е ранлива во вистинскиот свет. Доколку примите критични удари од непријателите, или пак само допрете водена површина, инстантно ќе бидете вратени во другиот свет. Исто така, одредени места стануваат достапни во едниот, а недостапни во другиот свет. Сите овие работи пружаат одлични можности за невообичаени загатки каде скокате, лебдите, влечете или се качувате само за да го пронајдете посакуваниот премин.

Инвентивноста и предизвикот не се гледа само во поглед на загатките, туку и во начинот на кој се спротивставувате со непријателите. Со константното удирање, вампирските суштества обично можат да се зашеметат. Потоа, на вас е да ги зграпчите суштествата и да ги фрлите на одреден остар предмет, во вода или на сонце. Доста креативно, особено кога користите и некои оружја за уште поимпресивни ликвидации.

Legacy of Kain Soul Reaver 1&2 Remastered се одлични игри и особено ни е мило што успеавме да ги искусиме римастерите. Имајте во предвид дека ова не е премногу гламурозен римастер и под сета таа шминка сепак чукаат срцата на дво-децениски стари игри. Од тие причини, во игрите највеќе би уживале или тврдокорните носталгични гејмери или пак љубопитните модерни гејмери кои би сакале да добијат увид во начинот на кој култните акциски авантури изгледале и се играле на времето. Во случај да припаѓате или се наоѓате некаде помеѓу овие две категории, тогаш Legacy of Kain Soul Reaver 1&2 Remastered е колекција од игри кои не би требало да ги пропуштите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: AspyrCrystal Dynamics
  • ИздаваAspyr
  • Жанр: акција, авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 10 декември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Дополнително, контролерот го тестиравме и со Project Tower, Legacy of Kain Soul Reaver 1&2 Remastered Remastered, Lords of the Fallen, и Voin. Тешко ни беше да најдеме […]