Tom Clancy’s Rainbow Six Siege е онлајн тактички шутер кој нуди предизвик во најчиста форма уште од 2015 година. За овие добри девет години, адреналинскиот наслов на Ubisoft константно се менува, еволуира и прилагодува на потребите на играчите. Како резултат, добивате еден од најкомплексни шутери. Преку органски предизвици и голем фокус на соработка меѓу играчите, Rainbow Six Siege ќе ве импресионира со деталното уништување на околината, уникатните можности на операторите и комплексниот систем за напредување. Во чест на 9 годишното постоење на играта, би сакале на кратко да ве запознаеме со сржта на Tom Clancy’s Rainbow Six Siege и да пробаме да ве поттикнеме да ја проверите играта во 2024 година.
Кој работи на Rainbow Six Siege?
Ubisoft Montreal е развојно студио основано во 1997 година. Покрај бројни Tom Clancy игри, како Splinter Cell, Ubisoft Montreal има работено и на Prince of Persia, Far Cry, Watch Dogs, For Honor и, секако , Assassin’s Creed! Во неколку наврати, оваа студио, кое брои над 4000 вработени, има работено и на помали, но подеднакво амбициозни наслови како Child of Light, Transference и Roller Champions.
Како се игрa Tom Clancy’s Rainbow Six Siege?
Tom Clancy’s Rainbow Six Siege е игра со едноставна замисла, но предизвикувачка примена. Играјќи или со бранител или со напаѓач, ќе биде потребно да да навлезете во најразлично модови и да исполните одредени цели.Целите може да се движат од поставување или деактивирање бомба, чување или извлекување заложници, како и држење или преземање контрола врз одредена соба.
Секој од операторите со кои играте се крајно уникатни и играат специфична улога во тимот. Вашата цел е да знаете која е улогата на операторот со кој играте, правилно да комуницирате со тимот и, најважното од се, константно да се справувате со одлуките кои вашиот или непријателскиот тим ги донесуваат.
Секој оператор го носи целиот тим на грбот. Слаби рефлекси и колебање значи пораз за целиот тим.
Разноликоста на операторите
Како што споменавме, секој оператор припаѓа на одредена националност и се одликува со уникатни оружја и гаџети. Она што еден оператор има, го нема и некој друг, или пак е во поразлична форма и со друга намена.
Штом започне мечот, ќе имате за задача стратешки да ја истражувате мапата и да пробате да го откриете движењето на непријателските оператори, како и локацијата на замките и одбранбените алатки.
Еден добро поставен куршум знае да биде смртоносен и во моментот кога ќе ве убијат, нема да можете да навлезете во истата рунда. Меѓутоа, и како ликвидирани ќе можете да пружате поддршка така што ќе добиете директен увид во камерите на дроновите и безбедносните камери.
На овој начин, ќе можете да ги „водите“ останатите оператори и да им помогнете правилно да ги имплементираат нивните офанзивни, односно дефанзивни активности. Како играте, така ќе отклучувате Renown – дигитална валута со која ќе можете да купувате други оператори, но и бројни работи од козметичка вредност.
Девет причини зошто е сега одлично време да ја проверите Tom Clancy’s Rainbow Six Siege
#1
Игра на која се работи добри 9 години. Преку чести, големи надополнувања, тимот неуморно се посветува на пружање пофлуидно искуството. Низ годините, играта или е номинирана или пак има освоено бројни награди.
#2
Разноликоста на операторите допринесува до огромна нелинеарност и до висока вредност на преигрување. На располагање имате 71 оператор!
#3
Бројни мапи кои се замислени за лични пресметки. 24-те мапи се одликуваат најразлични пристапи и бројни можности за приредување непријатни изненадувања.
#4
Огромна деструктивност. Секоја од мапите е под силно влијание на системот за процедурално уништување на околината. Тоа значи дека ќе можете да уништувате бројни структури и со куршуми и со експлозивни направи. Деструкцијата е и хоризонтална и вертикална. Тоа значи дека не уништувате само ѕидини, туку и подови, односно тавани. Мапите се вашите флексибилни игралишта за создавање за присилно создавање тактички можности.
#5
Различни режими на игра. Некои режими ви дозволуваат целосно да се фокусирате на заложници, а некои на бомби. Во овие ситуации, бранителите гледаат да ги спречат напаѓачите да дојдат до заложникот, односно бомбата. На сличен начин, ќе можете и да штитите, односно преземате одредена соба, како и да навлезете во пореални сесии или пак да учествувате во некои од сезонските настани. Во зависност од вашиот стил на играње, Tom Clancy’s Rainbow Six Siege ќе најде како да ве забави.
#6
Преубава графика која пружа дополнителна доза реалност. Многу од мапите, анимациите, употребувањето на оружјата и гаџетите не остава впечаток дека се работи за игра која е излезена од 2015 година
#7
Одличен звук и музичка подлога. Со добри слушалки, точно можете да го чуете и предвидите движењето на непријателите. Дополнително, звуците на оружјата и гаџетите се веродостојни и допринесуваат до впечатливи адреналински пресметки
#8
Бројни изгледи на оператори, оружја и опрема. Доколку станете фанови на играта, особено на некој од операторите, ќе можете да ги користите двете валути од играта за да дадете уникатни изгледи на вашите воини, како и на арсеналот од оружја.
#9
Константна посвета на различни сезони кои воведуваат нови мапи, оператори, оружја, опрема и серија од бројни изгледи
Нова сезона
Новата сезона ни носи нов оператор и ново оружје
Новиот грчки оператор се вика Skopós и се одликува со „школките“ Talos и Colossus. Се работи за еден од најуникатните оператори. Девојката е всушност во инвалидска количка. На бојното поле, Skopós ја користи количката како еден вид центар за управување на нејзините два роботи. На овој начин, девојката ќе може да скока од една до друга школка и да користи уникатни стратегии од офанзивен и дефанзивен карактер. Додека вие управувате со едниот робот, другиот е во фаза на хибернација. Тоа што другиот робот не можете да го користите, не значи дека нема да ви е корисен. Имено, Skopós ќе може во кое било време да ја прегледува камерата на неактивниот робот за да има подобар увид во бојното поле.
Новата сезона почнува од 10-ти септември, а покрај Skopós, ќе можете да навлезете и во Siege Cup beta, како и да уживате во бројни подобрувања и надополнувања.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Ubisoft Montreal
- Издава: Ubisoft
- Жанр: FPS
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 1 декември 2015
[…] Tom Clancy’s Rainbow Six Siege […]