На Snapchat корисниците не им се допаѓа новата AI функционалност

По лансирањето на новиот чет бот ‘My AI’ во апликацијата на Snapchat, фидбекот од корисниците беше негативен. Според Sensor Tower, просечната рецензија на App Store на Snapchat во САД, во текот на минатата недела беше 1,67, односно 75% од рецензентите му дале по една ѕвезда. Спротивно на тоа, во текот на првиот квартал од 2023 година, просечната рецензија на App Store во САД за Snapchat беше 3,05, односно скоро половина од сегашните, 35%, му дале една ѕвезда. 

Што е My AI? 

My AI е чет-бот и личен асистент на Snapchat, го користи јазичниот модел ChatGPT на OpenAI. Може да им помогне на корисниците околу одговарање прашања, завршување задачи и препораки.

Овој чет-бот има неколку клучни разлики во однос на другите чет-ботови, а тоа се: 

  • Можност за промена на името на чет-ботот 
  • Дизајн на прилагоден аватар 
  • Внесување во групен чет со пријателите 

После првичното негативно искуство на корисниците, едно од најчесто поставуваните прашања е како да се отстрани чет-ботот од апликацијата. Доколку сакате да го отстраните чет-ботот потребно е да бидете преплатени на веријата Snapchat+, која изнесува 3.99$ месечно.

Во меѓувреме и ТикТок тестира нова AI алатка, која ќе им овозможи на корисниците да генерираат аватари од сопствените слики. Корисниците ќе можат да прикачат од три до десет слики, од кои што ќе се креираат аватари. Креираните аватари ќе можат да се споделат на story или пак да се постават како профилна слика. 

Можеби неочекувано, ‘My AI’ на Snapchat, наиде на отпор од страна на корисниците, во момент каде што компаниите размислуваат како да интегрираат вештачка интелигенција во нивните операции, а не дали треба. Со оглед на мноштвото AI чет-ботови, кои генерираат високи приходи, додавањето на AI чет-бот во социјална апликација како Snapchat можеби се сметаше за мудар потег за да се задоволи зголемената побарувачка на потрошувачите.

Сепак, појавувањето на чет-ботот во апликацијата не беше добро прифатено од страна на повеќето корисници. Дали и TikTok ќе доживее негативно искуство со додавањето на се повеќе AI алатки во апликацијата или пак популарноста ќе продолжи да расте, останува да видиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk