Рецензија: Amnesia: The Bunker e нов страв во старо руво

Ако некој серијал често се споменува во хорор жанрот, тоа се игрите Amnesia – директните наследници на Penumbra игрите. Првата игра, Amnesia: The Dark Descent излезе дури во 2010-та година и инстантно стана препознатлива по уникатна смеса од хорор и истражувачки елементи, свет во кој силата не се содржи во бројните огнени оружја туку во интелектуалното прикрадување и користење на вистинските моменти.

Три години подоцна, се појави Amnesia: A Machine for Pigs – игра која не успеја да ја достигне истата слава како првата игра од овој серијал, но сепак успеја да заврти бројни глави со неочекуваните пресврти во добро познато опкружување. Сепак, поради не доволно висок критички успех, студиото Frictional Games реши да ја префрли формулата на научно фантастичен терен и ја одушеви публиката со Soma – одлично sci-fi остварување.

Но, фановите никако не можеа да го заборават Amnesia серијалот и непоколебливо бараа продолжување на авантурите за време на Првата Светска Војна. Наследникот на Amnesia: The Dark Descent дојде во 2020 година и во форма на Amnesia: Rebirth, а од вчера наваму излезе и Amnesia: The Bunker! Ја имавме честа да се дружиме со најновото остварување на Frictional Games добра недела дена. Ништо не е изгубено во The Bunker туку органски се проширува во графички исполнителен свет, угнетувачка атмосфера и препознатлив страв кој се цеди од сите страни.

Како четврта игра од овој серијал, Amnesia: The Bunker следи настани на француски војник кој е заробен во бункер. Помеѓу вас и навидум недостижниот излез стои неуморно чудовиште кое се чини како секогаш е еден чекор пред вас! Ќе можете ли да го надмудрите и да извлечете жива глава? За да имате барем некакви шанси во The Bunker, потребни ви се нерви, трпеливост и правилно темпирање на вашето движење, заедно со паметно користење на ограничената муниција за вашиот револвер. Да, по прв пат можете да користите револвер и иако истиот знае да биде корисен верувајте дека никако не ве вовлечува во лажно чувство на безбедност и стравот низ играта и понатаму останува на исклучително високо ниво.

Констатно сте и во реална трка со времето затоа што морате да го одржувате напојувањето во бункерот преку собирање соодветни ресурси. За тоа ќе ви помогне и часовникот што го носите бидејќи ви покажува кога генераторите ќе останат без гориво. Верувајте, не сакате генераторите да останат без гориво бидејќи светлината која тие ја даваат ве одржува во живот. Но, во моментот кога тие ќе престанат со работа, а светлината ќе ја снема, чудовиштето ќе започне активно да ве бара и лови. Кога ваквото нешто ќе се случи, стравот зазема целосно нова димензија и лесно ќе се најдете себеси како потешко дишете и барате начини да ги вклучите светлата одново. Ни се допадна како во вакви ситуации можеме да го привремено спречиме суштеството така што ќе расипеме бензин на подот и ќе го запалиме. На сличен начин, ќе можете да импровизирате за да си дадете време да побегнете, да се соземете и да почнете одново.

Со оглед на тоа дека се работи за immersive sim horror, многу работи се оставаат на вас, а приказната суптилно се фрла во втор план. По одредено време, особено откако ќе научите што се крие во сржтта на гејмплејот во Amnesia: The Bunker, движењето на чудовиштето би можело да стане предвидливо, а вашите тактики во избегнувањето посигурни. Но, до самиот крај на играта нема да можете целосно да се опуштите. Ова се должи на детално изградениот полу-отворен свет каде ги пополнувате празнините во приказната со неуморното истражување и очајно барање муниција и ресурси. Паралелно со ова, тензична музика и маестрално изведени звучни ефекти секогаш ве држат на штрек и мајсторски ве дават во угнетувачка атмосфера.

Доколку бевте одушевени од Amnesia: The Dark Descent, си должите себеси да го проверите најновото остварување на Frictional Games. Според нас, Amnesia и понатаму останува одличен серијал кој знае како да ја издигне тензијата на целосно ново ниво. Играта не е премногу долга и до крајот ќе стигнете за пет до седум часа, но стресот кој ќе го доживеете ќе остане со вас многу, много подолго.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments