Со Sonoma конечно повеќе видеоигри на Mac

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Одлични вести за сите кои работат на Mac, но повремено сакаат да се разонодат и да изиграат некоја видеоигра. Новата верзија на оперативниот систем на Mac – macOS Sonoma, ќе има и гејминг мод на работа.

Во модот за гејмање ќе бидат приоритизирани видеоигрите на највисоко ниво, и тоа и на процесорот и на графичкиот процесор. Ова ќе овозможи подобра и „помазна“ работа со повеќе фрејмови во секунда. Истовремено ќе биде намалено доцнењето на звукот до AirPods и на командите од контролерот.

Ова звучи одлично, но дел од корисниците можеби се прашуваат кои игри ќе може да ги играат со новиот гејминг мод. Тука е поинтересниот дел од веста кој ја покажува заложбата на Apple да го живне macOS за видеоигри. Компанијата претстави нова алатка која значително ќе го олесни портирањето на видеоигри.

Алатката ќе им овозможи на девелоперите да ги земат креираните Windows игри и да видат колку добро ќе работат без никакви прилагодувања. Ќе може да се искористи и за конвертирање на шејдерите и на графичкиот код за игрите да работат подобро на процесорите на Apple.

Некои видеоигри ќе работат добро и без промени во кодот. Сепак Apple вели дека macOS верзиите за игрите ќе работат уште подобро. Самата алатка има функционалност која овозможува „превод“ на DirectX во Metal 3.

Game Porting Tool е базирана на Wine – опен сорс платформа која се користи за префрлање на Windows софтвер на Unix, вели 9to5mac.

Првенствено алатката треба да им долови на развивачите на видеоигри колку работа ќе биде потребно да се портираат игрите и да отстранат багови од игрите. Понатаму, девелоперите имаат на располагање уште нови алатки кои го олеснуваат конвертирањето од DirectX на Metal.

Иако оригинално е наменета за девелопери, речиси веднаш се појавија корисници кои ја тестираа алатката, па веќе има верзии на Hogwarts Legacy и Cyberpunk 2077. Користењето на алатката со Windows игри без нивно прилагодување може да донесе и багови.

Mac никогаш досега не важел за гејминг платформа, но Apple ќе се обиде да го промени ова. Новите М-чипови на компанијата се супер моќни и хардверот не е проблем. Веројатно останува прашање колкав е интересот на сопствениците на Mac за купување на видеоигри.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments