24 коментари 4 мин. читање 31 март, 2022

Македонскиот стартап Howitzer е продукт на денот на ProductHunt [надополнето]

Надополнето – 31.03.2022 во 14:08 часот:

Со скоро 900 гласа на ProductHunt, македонскиот стартап во рана фаза Howitzer, е изгласан како продукт на денот на ProductHunt.com за 30-ти март, 2022 година. Сајтот ProductHunt.com е важен за стартап заедницата бидејќи нуди побрз пласман на продукти со тоа што има активна заедница која секојдневно учествува во одбирање на продуктите. На сајтот досега се објавени над 100 милиони продукти од 50,000 компании.

Започнат во 2013-та, сајтот беше купен од страна на AngelList (мрежа на ангел инвеститори) во ноември, 2016-та за 20 милиони USD.


Оригинално објавено – 30.03.2022: Гостопримливите* дечки од Автокоманда кои пред неполна година земаа $500.000 долари инвестиција и ги прогласивме за .мк стартап на месец ноември, 2021 денеска ја лансираат официјално својата платформа за Reddit маркетинг на ProductHunt.

Од бета излегуваат со бројки кои звучат одлично:

  • 950+ корисници,
  • над 870.000 пратени пораки,
  • Фантастични 41% просечна стапка на одговори,
  • 5.5% просечна стапка на конверзија.

Тимот неколку месеци работеше напорно за да ја подготви платформата за официјално лансирање која на стартапи, бизниси, крипто-бизнисмени и дигитални маркетери ќе им овозможи на лесен и брз начин да лансираат и менаџираат таргетирани кампањи на Reddit, кој моментално има над 500 милиони активни месечни корисници.

Howitzer има неколку клучни функционалности, како што се:

  • Пронаоѓање на таргетирани лидови преку таргетирање на клучни зборови, subreddit-и, освоени гласови, позитивен или негативен сентимент
  • Автоматизација на пораки преку испраќање на персонализирани пораки на Reddit до потенцијални клиенти
  • Вграден инбокс преку кој може да се одговара на потенцијални клиенти, управување со разговори, филтрирање
  • Вклучени акаунти на Reddit – Howitzer ги праќа пораките за вас, преку акаунти на Reddit со висока карма.

Лансирање на ProductHunt

ProductHunt е популарна платформа за лансирање на продукти, а секој ден преку форма на гласање се бира Продукт на денот, кој добива дополнителна промоција од страна на платформата и нивната публика.

Никола од Howitzer

“Лансираме на Product Hunt! 🎉 Навистина сум возбуден што можам да објавам дека Howitzer штотуку започна кампања на Product Hunt денес! Тоа е најголемиот маркетиншки потег што сме го направиле досега, така што добивањето на поддршка во форма на гласови ни значи многу!

За оние кои сакаат да го пробаат Howitzer во поголем обем и да го видат потенцијалот на Reddit како маркетинг канал – обезбедуваме код за попуст од 40% на нашата страница на ProductHunt.” – споделува Никола Велковски, ко-основачот на Howitzer.

Во моментот на пишување на овој текст, Howitzer има 293 гласови и е на позиција број 1 – што значи ако остане тука ќе биде прогласен за продукт на денот на ProductHunt, што неминовно ќе им донесе поголем број посети и поголема свесност за брендот и продуктот, а со тоа и корисници.

Како можете да помогнете да се оствари целта?

Покажете ја вашата поддршка и гласајте (барајте копче Upvote тука) на ProductHunt. Регистрацијата на профили е бесплатна, а може и да ја направите преку OAuth со Twitter или Google и нема да ви одземе ни неколку минути. Не чекајте, не се мислите, поддржете ги Howitzer на следниов линк.


*Зошто гостопримливите? Прочитајте го ова интервју за да ти се разјасни.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Ако 500.000$ не им се доволни да успеат, да мора да се рекламираат по форуми за апвоутинг, тогаш не ги бива.

одговори 13 лајкови

Мора да има реципроцитет, ако ги поддржуваме зашто се македонски, нека не поддржат и они како Македонци и нека пуштат кодче за поголем попуст или бесплатен период за МК фирми.

одговори 4 лајкови

Ај бе не јадете трици многу :LOL:
Гласано.
1648640002275.png

Само мене начинот на кој функционира алаткава малце ме загрижува.. Уште на Редит фали да добивам спамови во инбокс од разно-разни продавачи на bullshit NFTs или слични срања.. Се надевам дека системот за таргетирање им е стварно толку добар како што кажуваат.

одговори 4 лајкови

Само мене начинот на кој функционира алаткава малце ме загрижува.. Уште на Редит фали да добивам спамови во инбокс од разно-разни продавачи на bullshit NFTs или слични срања.. Се надевам дека системот за таргетирање им е стварно толку добар како што кажуваат.

Епа сега, штом гласаше ќе ги трпиш :)

одговори 2 лајкови

Ова беа оние што „измислија“ спам-бот за редит, и сега бараат вистински луѓе да им гласаат за што?

одговори 4 лајкови

Па добро сепак се наши деца, барем направиле нешто, постигнале успех на 20 години, имаат амбиција, ентузијазам и голем потенцијал, не разбирам зошто не би гласале.

Епа сега, штом гласаше ќе ги трпиш :)

Не е проблемот дали јас ќе ги трпам, туку општо мислев загрижувачки е да не наидат на backlash од заедницата.

одговори 1 реакција

со 500.000$ колку картици златни има да накупа....

одговори 10 лајкови

Не е проблемот дали јас ќе ги трпам, туку општо мислев загрижувачки е да не наидат на backlash од заедницата.

Направиле алат. Не можат да контролираат кој за што ќе го користи.
А кога некому ќе стигне реклама, како ќе знае каков алат е користен за праќање?

одговори 1 реакција

Направиле алат. Не можат да контролираат кој за што ќе го користи.
А кога некому ќе стигне реклама, како ќе знае каков алат е користен за праќање?

Како што разбрав они се први и сега за сега единствени, немаат конкуренција, така да доколку софтверот е успешен и почне масовно да се користи скоро секој ќе знае дека Howitzer е одговорен за рекламите на Редит што стигаат преку DMs.

одговори 1 реакција

со 500.000$ колку картици златни има да накупа....

Само картици ? а нешто во ASIC-ци и нешто малце во фотоволтаици, струја, UPS, Трафостаници и тако даље ? :)
Леле ми се праи една фарма ми се рика

одговори Лајк

Трафостаници и тако даље ?

Наравно ке инвестирам и у кабел директ во трафото ...
Screenshot_221.png
Наравно по рамковен договор. 3 ротвајлери околу трафото да не може инкасатор да пристапе.

одговори 4 лајкови

1648676341726.png

Повелете стручњаци, да не стоите туку така, напијте се, седнете. :)

Имале пола милион шо ќе им биле поише пари, јака муда спам бот измислиле, Редит ќе го упропастеле... страшно.

Дечките пробуваат да направат нов продукт и да го однесат што е можно подалеку. Дали ќе успее или не никој не знае, тоа е и целата поента - дур не пробаш нема да знаеш, ама очигледно на прав пат се судејќи според инвестиции. Не е ова нешто што го склапаш по шаблон и знаеш кога си готов - континуиран развој е, секогаш ќе има идеи за подобрување и напредок, ама не секогаш ќе ги имаш финансиите. Затоа, дур се уште во раст, земаат што е можно повеќе пари. Прединамична индустрија е, ако не го направиш ти ова ASAP, некој друг ќе го направи за пола година после тебе. Не е битно колку е комплексно решението, битно е колку е комплексен проблемот што го решаваат, а очигледно, чим се први со ова, никој друг не се нафатил да го реши, а дали вреди да се реши тој проблем, само времето ќе покаже.

Се надевам само дека дечкиве не читаат македонски форуми и коментари, зошто психички утепува колку си ги имаме уназадено сфаќањата.

одговори 3 лајкови

Ценам иновации и поштовам труд, али.... 500.000$ за некоја ( апликација ) Ние тука се сокапаме со донирање за лекување на дечиња за во странство оти државата не му ги обезбедувала тие средства...

одговори 4 лајкови

Раситни некое крипто бе, донирај ги за дечиња. Или тие твои се, па нејќеш? :)

Мешаш баби и жаби. Тоа што државата ни е трула и единствена намена на власта е крадење, не значи дека не можеме да пробаме да развиеме нешто од нашиот пазар. Не се криви децата, на грешна врата тропаш.

Што ако овие дечки за 5 години од сега отворат фирма во Македонија со 100 работни места, не само програмери, туку и корисничка поддршка, продажба итн? Или тогаш ќе биде браво, а до тогаш што ќе им пола милион, нека ја вршат работата на државата :)

одговори 2 лајкови

Како што разбрав они се први и сега за сега единствени, немаат конкуренција, така да доколку софтверот е успешен и почне масовно да се користи скоро секој ќе знае дека Howitzer е одговорен за рекламите на Редит што стигаат преку DMs.

Колку од тие што ќе добијат реклама ќе се замараат да дознаат како ги одбрал тој што им ја испратил? И дали воопшто можат да го дознаат тоа? Дури и да дознаат, што можат да направат?

Или поинаку гледано, за колку од рекламите што ти излегуваат на интернет си се запрашал со кој софтвер те таргетирале?

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
24 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top