Во секојдневна комуникација, дали преку пораки или на мрежни места, се повеќе и повеќе се користат најразлични емоџи, односно идеограми и смешковци.
Како би сакале, тогаш, да добиете пристап до најчесто користените емоџи?
Emojibatch.com e одличен и крајно едноставен веб сајт кој нема никакви реклами или комплексни оддели. По првото посетување на сајтот, ќе забележите 20 најчесто користени емоџи од посетителите, листа која постојано се ажурира во зависност од интересот на посетителите.
Под оваа листа добивате Frequently Used категорија, која, при првата посета е празна. Како копирате одредени емоџи, така полето се полни, за да можете нареден пат инстантно да си ги најдете најчесто користените смешковци. А на кој начин можете да ги користите?
Штом видите некој идеограм, едноставно кликнете на него и истиот ќе биде копиран. Потоа, емоџито си го префрлувате преку едноставна процедура на копирање и префрлување – десен клик па paste, или ctrl+v.
Над најчесто користените и најпопуларните емоџи имате пребарувачки енџин. Напишете happy и ќе добиете среќни емоџи. Напишете heart и ќе добиете еден куп различни срциња.
Авторите зад веб сајтот веќе работат на Chrome екстензија, за да се избегне посетувањето на сајтот, а наоѓање и копирање на емоџи да биде директно од прелистувачот.
Постои многу побрз начин за користење emojis, на Windows 10/11 со притискање на Windows копчето и . (period)
Windows 10 keyboard tips and tricks (microsoft.com)