Survival играта на Gaddy Games развојното студио моментно има 90% позитивни рецензии.
Високата оценка за оваа sandbox игра се должи на долго-годишна и неуморна посвета. Имено, по нешто повеќе од три-годишен ран пристап на Steam, 1.0 верзијата за PC излезе во 2018 година.
Сега, се чини дека е време и „конзолашите“ да ја истражуваат непријателски-настроена планета, да градат одбранбени механизни и да користат физички закони за издвојување победа.
Одлично прилагодена за PS5
Dig or Die верзијата за PlayStation и Xbox не се премногу разликува од PC верзијата, ако и воопшто. Откако ќе навлезете во планетата, ќе имате за задача да истражувате, да собирате ресурси со кои ќе создавате најразлични работи, да градите ѕидини и одбрамбени алатки, како и да се борите со непријателските бранови. Иако бевме скептични за тоа како ќе се игра Dig or Die преку контролер, за брзо време свативме дека тимот одлично ја има прилагодено играта и без проблем можевме да скокаме низ бројните функции и менија.

Како претставник на CRAFT & Co компанијата, ќе имате за задача да направите вселенски брод за да можете да побегнете од планетата. Таквото нешто, меѓутоа, воопшто не е лесно и ќе вложите часови и часови на стратешко преживување пред и да помислите за бегство. Како што напоменавме, физичките закони играат огромна улога во играта и потребно е внимателно да градите, како и да внимавате на одредени елементарни непогоди (како пороен дожд кој може да ве изненади со значително покачување на нивото на водата).

Малиот брат на Terraria
Dig or Die има паметно осмислен систем за брзо собирање ресурси и копање, со што истражувањето добива забрзана динамика која е несвојствена за поголемиот дел survival игри. Сами или со вашите пријатели, ќе можете да навлезете во неколку интересни режими и со заеднички сили да пробате да извоите победа.

Dig or Die ги има импресионирано гејмерите и со импресивното осветлување, симулацијата на билките и процедуралното создавање на светот. Покрај ова, ќе наидете и на комплексен систем за крафтање, градење и корисни надградби. Ако едно е сигурно со играва, тоа е дека има што да се прави во неа. Dig or Die ќе најде начин да се прилагоди на вашиот стил на играње.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Gaddy Games
- Издава: Gaddy Games
- Жанр: survival sandbox
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 4 јуни 2024







