Настан за дизајн на видеоигри во организација на MGI

Одлични вести за сите кои развиваат игри или сакаат да знаат повеќе за гејминг индустријата. Во четврток, 13 јуни со почеток од 18:00 во Base42 ќе се одржи бесплатен настан посветен на развојот на видеоигри.

Настанот е дел од серијата „MGI Meetups“ – предавања посветени на различни сегменти од развојот на видеоигри. Организатор и овој пат е Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје. Говорниците на настанот ќе зборуваат на теми интересни за сите кои сакаат да се занимаваат со развој на видеоигри.

Base42 е простор во кој се одржа годинешното издание на Global Game Skopje, но и куп други настани. Повеќе за локацијата, и како Base42 стана местото за сите ИТ ентузијасти во Скопје, може да прочитате тука.

Кого ќе може да слушнете на настанот

Ова е втор настан во серијата предавања за видеоигри. Овој пат поддршка доаѓа од Indium Play и Furious Avocado. Фокусот на ова случување ќе биде дизајнирањето на видеоигри и што е работата на дизајнерите на видеоигри. Настанот ќе трае околу 2 часа, а говорници ќе бидат: Никола Месаровиќ, Game Designer во Demagog Studios; Никола Шошкиќ, основач и Game Designer во Shosha Games; и како домаќин – Наум Михајловски, соосновач и извршен директор на Furious Avocado.

„Што е Гејм Дизајн?

Game Design не е програмирање, арт, моделирање или ригување. Гејм дизајнерот не треба да владее Blender, ZBrush, 3ds Max, Maya,… Unity, Unreal Engine, SketchUp, Houdini,…

Game Design е креирање и моделирање на механики, системи и правила на играта. Осмислување на гејмплејот, бесконечно пишување концепти во Word (или бесплатна алтернатива) и табели. Практично, раѓањето на играта!“

Наум Михајловски, Никола Месаровиќ и Никола Шошкиќ ќе зборуваат на неколку интересни теми:

  • Дизајнирање „hypercasual“
  • Десет работи кои би ги променил во својата прва игра
  • Како успешно да продолжите да паѓате, дизајнирање на независни видеоигри

Покрај предавањата посетителите ќе може да постават и прашања, а по настанот е предвидено и време за запознавање, дружење и вмрежување.

Влезот на предавањата е бесплатен, но организаторот има отворена регистрација за сите кои сакаат да го посетат настанот. Регистрацијата е пожелна, но не е задолжителна.

Повеќе информации може да прочитате на страницата на Македонската индустрија за видео игри.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk