Nicktoons & The Dice of Destiny: Забавна семејна игра

во Вести

Nicktoons & The Dice of Destiny ги обединува најпознатите ликови од универзумот на Nickelodeon во една фантазиска акциона RPG игра. Доколку сте фанови на Сунѓерот Боб, Ката Катара, Леонардо и многу други и би сакале да се подружите со нив во еден сосема нов контекст, каде што магијата, мечевите и судбинските коцки го диктираат текот на настаните, тогаш ова е игра само за вас и вашето семејство. Насловот на
Petit Fabrik
и Fair Play Labs ќе ве вовлече во една дива и непредвидлива авантура полна со епски битки и нови предизвици, создавајќи искуство кое е наменето за играчи од 7 до 107 години.

Nicktoons & The Dice of Destiny се одликува со динамичен борбен систем во реално време, кој можеби потсетува на класичните Diablo игри, но е со забележително поедноставени механики кои се прилагодени за поширока публика, особено за семејства. Можете да избирате помеѓу девет легендарни ликови, меѓу кои се и Сенди, Тими Тарнер, Дени Фантом и Џени Вакамен, секој од нив преосмислен во традиционална RPG како волшебник, варварин или витез.

Секој херој поседува уникатни вештини, оружја и стил на борба и, како што напредувате, така отклучувате нови моќи и ја надградувате опремата, трасформирајќи се во подеструктивна и позабавна машина за управување. Играта нуди можност за соло играње, но вистинскиот потенцијал се открива во локалниот кооперативен режим за до четири играчи, каде што комбинацијата на различни херои создава забавен и хаотичен тимски предизвик. Иако нема да бидете разочарани доколку барате вртоглава акцијата, би сакале да напоменеме дека загатките се сведени на минимум, што можеби нема да им се допадне на оние кои бараат подлабок стратешки предизвик.

Визуелно, Nicktoons & The Dice of Destiny е вистинско уживање кое ќе направи љубителите на Nickelodeon да се чувствуваат како дома. Световите како Bikini Bottomshire и Ghost Zone се прекрасно редизајнирани со фантазиски елементи, исполнети со живописни бои, тајни и странични мисии кои ве повикуваат на истражување. Графичкиот стил верно го доловува шармот на оригиналните цртани серии и е збогатен со добро анимирани видео секвенци кои обработуваат квалитетна приказна.

Дијалозите се целосно синхронизирани, а голем дел од оригиналната актерска екипа ги позајмува гласовите, што придонесува за автентичноста и носталгијата. Музиката и звучните ефекти дополнително ја збогатуваат атмосферата за време на интензивните битки со иконични негативци како Азула, Анџелика и Планктон. И покрај сите позитивни страни, би можеле да забележите дека PC верзијата страда од одредени проблеми со оптимизацијата, но тимот верно работи на подобра оптимизација.

Nicktoons & The Dice of Destiny е наслов кој успешно балансира помеѓу носталгијата и забавниот акционен гејмплеј, наметнувајќи се како идеален избор за долгогодишните обожаватели на Nickelodeon и за семејствата кои бараат привлечно кооперативно искуство. Поради својата пристапност, The Dice of Destiny е и супер вовед во акциониот RPG жанр за помладите играчи. Поискусните ветерани на жанрот, пак, можеби ќе ја сметаат за премногу едноставна, поради недостатокот на комплексни механики и длабоки загатки. Но, ако барате игра која нуди шарм, брза акција и можност да ги видите вашите омилени цртани јунаци во ново светло, тогаш фрлете ги коцките и впуштете се во оваа незаборавна авантура.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk