Водете грижа за датумот на истекување на производите со Expiry date tracker

Често купувате најразлични производи и едноставно не можете да водите ред за тоа кој производ колку има рок на траење? За одредени производи, како за лекови, козметички средства и храна, незапазување на датумот на истекување знае да биде проблем, особено доколку работите во продавница и потребно е роковите да се и тоа како запазени.

Expiry date tracker е едноставна апликација која ги следи датумите на истекување на вашите продукти и благовремено ве предупредува за употребата надвор од препорачаниот рок.

За жал, не е се автоматизирано и потребно е рачно да се внесат одредени работи. Имено, рачно го фотографирате производот, или одбирате слика од галерија или пак одите со генерична икона. За крај, внесувате изборна забелешка, број на артикалот, категорија и датум на истекување.

Сите производи кои ќе ги внесете на овој начин ќе бидат поставени на предната страна, а ќе се сортираат така што први ќе се производите со најмал рок на траење. Од тука и подесувате колку порано да бидете известени преку нотификација за идно истекување на рок на некој производ, како би имале доволно време да го или искористите или замените со свежа алтернатива.

За крај, Expiry date tracker се одликува и со to do листа преку која можете да внесувате планови за одредени задачи и нивно лесно штиклирање во моментот кога ќе ги комплетирате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk