Романската влада интегрира вештачка интелигенција во различни проекти

Министерството за надворешни работи во Романија објави тендер за купување на алатка со вештачка интелигенција. Платформата треба да има можност во живо да ги следи случувањата на друштвените мрежи, да ги анализира и да помогне да се спречи ширењето на дезинформации. Но, анализирањето на активностите на друштвените мрежи нема да бидат единствена употреба на оваа алатка.

Вештачката интелигенција треба да има способност за следење на инфлуенсери, новинари, јавни личности, личности на високи позиции кои се опасност за ширење на лаги и пропаганда. Освен следењето на обидите за влијание, алатката ќе треба да може да направи проценка какво е емотивното влијание врз луѓето од споделените содржините од страна на таргетираните инфлуенсери. Тендерот за платформата е распишан од 10-ти јуни, за сума од 3,2 милиони леи (~645,000 евра). Средствата за алатката ќе бидат достапни од фондовите на Европската унија. Компанијата која ќе ја изработи алатката ќе треба да обезбеди и тренинг. Деталите од тендерот ги сподели Hotnews.ro.

Детали за бараната платформа

Платформата ќе треба да овозможи обработка на јавни податоци од Facebook, Twitter, Instagram и куп други социјални мрежи. Ќе мора да бидат обезбедени и барем 500 GB обработени податоци месечно, без дополнителни трошоци за министерството. Сите податоци ќе мора да се следат во живо. Максимално доцнење кое е дозволено е 30 минути од објавувањето на содржината – блогот, објавите или коментарите. Што се однесува до следењето на содржината, системот ќе треба да овозможи и статистички податоци за интеракцијата: број на прегледи; допаѓања; споделувања. Неопходна е и можност за повлекување на мета-податоците поврзани со веб-страницата: дата, автор, клучни зборови, опис и наслов.

Софтверот ќе треба да доаѓа со дополнителна анализа на овие податоци која ќе овозможи откривање како информациите се движат низ различна онлајн околина. Ова ќе мора да овозможи и дополнително откривање на првата/изворна објава. Покрај веб-сајтовите и друштвените мрежи алатката ќе треба да овозможи и анализа на инфлуенсерите и нивните профили. За секој инфлуенсер ќе треба да се креира сопствен профил во кој ќе може да се прегледаат:

  • неговото име;
  • бројот на објави за различни теми;
  • број на артикли според емотивната состојба која ја креираат кај читателите (позитивна, негативна или неутрална);
  • и број на следбеници.

Профилите на различни платформи за инфлуенсерите треба да бидат споени во единствениот профил во алатката. Ова се само дел од потребните услови кои ќе треба да ги овозможи вештачката интелигенција. Рокот за понуди завршува на 17-ти јули. Истиот ден понудите ќе бидат разгледани, по што ќе следи и конечната одлука.

Романија се позиционира како земја која сериозно планира да користи AI

Барањето за оваа алатка базирана на вештачка интелигенција, која голем дел од романската јавност ја нарекува и како дел од филозофијата на “Големиот брат”, доаѓа само неколку месеци откако романскиот премиер Николае Чука го претстави владиниот советник Ion, целосно базиран на вештачка интелигенција, што всушност е и првиот ваков владин советник во светот.

Идејата на тој проект, кој беше претставен во март, 2023-та, е Ion да ги користи и сумира реакциите на граѓаните низ социјалните мрежи и на владиниот тим да ги презентира сумарно во реално време. Ion, кој е всушност поставен во компјутер зад огледало и има интегрирано Text To Speech (TTS), е реализиран волонтерски од страна на академски научници и стотици стручњаци од дел од ИТ индустријата во Романија, која според податоците од 2022-ра година има генерирано скоро 10 милијарди евра. Сопственик на проектот е Министерството за истражување, иновации и дигитализација во Романија.

И покрај тоа што проектот наиде на критики и голем скептицизам кај дел од романската јавност, според романскиот министер за истражување, иновации и дигитализација, Себастијан Бурдуја, Ion.gov.ro бил посетен од над 100.000 романци по лансирањето, што говори за успешноста на проектот.

Вештачката интелигенција несомнено е во сива зона во многу сектори, вклучително и нејзината употреба во владини проекти. Ова се должи на популаризацијата на технологијата како и трендот за имплементацијата на решенија кои се развиваат со огромна брзина, додека легислативата од друга страна, која во скоро секој случај е спор бирократски процес, доцни драстично зад имплементацијата. Со оглед на ова, допрва ќе бидеме сведоци и ќе учиме за добри и лоши пракси, етички примени и соодветни употреби на оваа модерна технологија, а исчекорите како овој на Романија може да не донесат побрзо до сето тоа – се надеваме само без преголем број на компромиси и лоши сценарија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments