Спонзориран текст

Се екипира тимот на Softelligence во Македонија

Спонзорирано од Softelligence

во ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Потрагата по креативците која ја донесе технолошката револуција се посилно го тресе ИТ секторот во Македонија. Расте и интересот на високообразовните институции да продуцираат стручни кадри, но и желбата на младите да бидат дел од модерните текови на дигитализацијата, под притисок од брзо развојни компании како што е и Softelligence. Романската компанија која неодамна почна да го екипира тимот во Македонија, секогаш ги бира најдобрите и на овој начин, компанијата е подготвена за сите нови предизвици.

Потребата од ИТ инженери во македонската економија се потврдува и преку официјалните статистики. Веќе неколку години на пазарот на труд, најбарана професија се токму информатичките инженери. А она што младите ги инспирира се условите кои во секторот ги нудат компаниите. Но, кога тоа ќе се збогати и со човечки фактор, станувате посакуван работодавец.

Доколку прашате некој од сегашни или поранешните вработени во Softelligence „Што ве задржа овде?“, дефинитивно ќе го слушнете едноставниот, но суштински, одговор на Михаела Чираплес, една од прво вработените во Softtelligence: „луѓето“. Таа започнала како специјалист за човечки ресурси кога компанијата имала само 30 вработени, а сега е Site Manager за канцеларијата во Букурешт, работејќи со 150 колеги. Таа е сведок на развојот на компанијата, на процесот на градење на тимот и на културата на компанијата. Се опишува како исклучително комуникативна личност, која постојано е вклучена во процесот на нови идеи за подобрување на начинот на кој луѓето работат во Softelligence.

“Ги гледаме вредностите на личноста и се обидуваме да ги усогласиме со нашите. Така, на пример, ги цениме луѓето кои се прагматични и можат да ги разгледаат целите на проектот. Бараме креативни луѓе – онолку колку што може да го оцениме ова за време на процесот на регрутирање, се разбира. Ја оценуваме нивната способност да работат во тим затоа што сме компанија која ја вреднува тимската работа. Потоа ги проценуваме техничките вештини, ставот, желбата за учење и сопствениот развој. Комуникациските вештини, исто така, се многу важни бидејќи сме компанија за услуги и повеќето од нас директно комуницираат со клиентот“, вели Михаела.

Компанијата вложува во обезбедување одлични услови за работа, пристап до најнова технологија, обуки и специјализирани курсеви за македонските колеги, кои секојдневно докажуваат дека инженерите на овие простори се во тек со светските економски движења и новата ера на дигитализацијата. Тимот на Softelligence е подготвен за новите предизвици и ги отвара вратите за сите заинтересирани од оваа област да бидат дел од успешната приказна на семејството на Softelligence.

Како што во своето интервју, директорката на Softelligence во Македонија, Николина Дреноска објасни, првото нејзино искуство со компанијата е „виртуелната дискусија со тимот за човечки ресурси“.

„Отидов во Букурешт да се сретнам со сите и многу ми се допадна она што го видов, не само во однос на канцеларискиот простор. Запознав одличен тим, група насмеани, ентузијастички луѓе, среќни што ги пречекуваат новите колеги од Македонија. Видов компанија со одлична визија. Ги поставив сите важни прашања и сосема нормално ја почувствував и таа визија како моја. Голем предизвик е за нечиј професионален пат да се приклучи на успешна компанија, да може да изгради нов тим со таква кохезивна моќ, да продолжи да расте со сопствено темпо. Softelligence е дефинитивно повеќе од работно место: тоа е местото каде што се чувствувате среќни и ценети“, рече Дреноска.

Доколку сакате да станете дел од оваа меѓународна компанија во Македонија, кликнете на: Facebook link

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Softelligence . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]