Кога се работи за заштитување на вашиот компјутер, многумина се наоѓаат во ситуација да се замислат кој е најдобриот начин за најава, дали преку лозинка или пин? Имено, Microsoft препорачува да наместите пин и смета дека тоа е побезбедниот начин на заштита. Поради ова, многумина се прашуваат како е можно четири бројки да се потешки за откривање од серија од десетици бројки, букви и карактери.
Одговорот не е баш едноставен, но од Microsoft објаснуваат дека препораката е поради два важни моменти. Од една страна, со поставување пин во вашиот компјутер вие не ја доведувате во опасност вашата лозинка и ако некој ви го дознае пинот, тој влегува во вашиот компјутер и има пристап до работите кои се наоѓаат таму, но нема пристап до вашиот Microsoft акаунт. Од друга страна, од Microsoft појаснуваат дека апсолутно не мора да креирате пин со четири бројки. Напротив, вашиот пин може да содржи десетици, па дури и стотици броеви и букви, факт кој често се заборава од поголемиот дел корисници.

На овој начин, со создавање комплексен пин кој, повторуваме, може да изгледа и како лозинка, ако некој добие пристап до него нема да има и пристап до вашиот цел акаунт. Дополнително, тука е и ситуацијата со TRP или Тrusted Platform Module. Се работи за технологија која се однесува за подобра заштита од погодување пинови и секојпат кога има неуспешен обид, ќе треба подолго време од последниот пат да се почека. Премногу неуспешни обиди го заклучуваат компјутерот на 24 часа.
И покрај ова, останува дискутабилно прашањето колку е пин подобро решение, но само во ситуации кога корисникот користи само еден едноставен пин, комбинација од четири бројки, за најава на сите направи. Во ситуации каде се следат препораките на Microsoft, ситуацијата знае да биде значително поразлична.








Пин е подобро. И така и така ако некој го пронајде во некои случаи (за администраторски привилегии) потребна е лозинката да ја внесе !