Нов играч настапува на ИТ сцената во Северна Македонија: Proxiad SEE влегува на пазарот на труд преку претставување на атрактивни можности за ИТ професионалците во земјата. Овој чекор е дел од компанискиот, глобален план за географска експанзија и стратегија за развој на бизнисот во повеќе земји.
Proxiad SEE е nearshore подружница на Proxiad Group, француска компанија со 25-годишна историја во ИТ индустријата. Proxiad SEE е создаден во 2005 година и моментално брои 250+ луѓе во Бугарија, со канцеларии во Софија и Пловдив, а наскоро и Скопје.
Компанијата е лидер во доставување на консултантски и outsourcing услуги како и развој и поддршка на софтвер. Proxiad SEE е компанија со богато портфолио на клиенти кои добиваат квалитетни, технолошки и дигитални решенија за нивно позиционирање, иновативност и конкурентност.
Во изминатата година, компанијата започна со развивање и на свои продукти – во 2021 година, Proxiad SEE го претстави продуктот GROW, систем за следење на перформанс на вработените, кој овозможува транспарентно и навремено задавање на цели, нивна проверка и награда за успешно остварување на истите.
Другиот продукт на компанијата е Desk Buddy – решение за управување со работното место за хибридни канцеларии и оптимизација на трошоците засновано врз користење на канцелариите.

Со портфолио од 1620+ проекти за клиенти во Франција, Швајцарија, Германија и Канада, компанијата одржува долгогодишна соработка со гиганти како BNP Paribas, Commerzbank, Philips и многу повеќе.
Моментално, компанијата работи на отворање на канцеларија во Скопје што ќе служи како централен hub во земјата. Дополнително, Proxiad SEE цели кон достигнување на бројка од 50 вработени во Македонија до крајот на 2022 година и уште 100 во 2023 година.
Компанијата моментално регрутира искусни девелопери со експертиза во технологии како PHP, Java, Angular, React.js, Node.js, GCP, AWS, Azure, QA Automation итн. Проектите за кои активно се бара нов кадар се од различни индустрии – од здравство до јавен транспорт, е-трговија, финанси и итн.
Proxiad SEE нуди компетитивен benefit package кој содржи 25 дена одмор годишно, флексибилно работно време и remote mode, приватно здравствено осигурување, следење на performancе и наградување на трудот, иницијативи за образовен и професионален развој, бонус програма за препораки и многу повеќе.
Тимот на Proxiad учествува и организира многу иницијативи и настани од неформален карактер.
Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за можностите за работа во Proxiad SEE, посетете ја nmk.proxiad.com/journey за да дознаете повеќе за отворените позиции и Refer A Friend програмата на компанијата.









