По примерот на САД, и руската армија се одлучи да го користи мобилниот оперативен систем на Google. Според истражувачот Aндреј Стариковски, кој го претставил новиот дизајн на руското Министерство за одбрана, таблет компјутерот со име RoMOS ќе ги има сите функционалности на комерцијалниот Android, но без опцијата да праќа податоци до Google.
„Ја тргнавме продавницата на Google поради безбедносни причини.“, вели г. Стариковски за ITAR-TASS.
Главната функционалност на таблет компјутерот, кој ќе се користи од руската одбрана од 2013-та година, ќе биде да се пренесуваат податоци, да се складираат енкриптирани лозинки, мапи на терени и GLONASS навигација. Ќе постојат две верзии на таблет компјутерот – стандардна верзија која наместо од Google Play, ќе симнува апликации од специјална RoMOS продавница, и ќе има верзијата за војската која освен што ќе биде водоотпорна и отпорна на удари, ќе има специјални апликации.