0 коментари 2 мин. читање 3 септември, 2012

Брус Вилис ќе го тужи Apple за да ја остави iTunes музиката во наследство

Холивудскиот актер Брус Вилис ќе ги тужи Apple бидејќи не му дозволуваат да ја остави својата iTunes музика во наследство на своите ќерки, пишува Daily Mail. Според правилата на Apple, музиката е позајмена, и не е сопственост која може да се префрли на други. Доколку Apple oткрие дека некој ја предал музиката на друг корисник, го „замрзнува“ iTunes профилот и го блокира трансферот на iOS уредите.

На актерот на култниот Умри мaшки, кој е страствен фан на блузот, не му се допаѓа што музиката на која потрошил илјадници долари е само „позајмена“ под лиценца. Како и сите корисници, тој не ги прочитал целосно Правилата за користење на iTunes, и затоа се изненадил од „позајмувањето“.

Доколку успее да победи на суд, што во моментов е само хипотетичка ситуација, Брус Вилис ќе ги промени правилата и, како во Умри мушки, Армагедон и бројните други филмови, ќе се избори за доброто на милионите iTunes корисници.

[youtube]99A2KqvfBLI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top