Прв поглед на Synology Router RT1900ac

Avatar img-thumbnail img-circle

во Рецензии

Image Courtesy of Synology Inc.

Synology е тајванска корпорација која специјализира во производство на NAS (Network Attached Storage) уреди, а од пред три месеци, компанијата го проширува своето портфолио и во доменот на рутери со безжичниот рутер Synology RT1900ac, кој моментално Synology го презентира на CES 2016. Благодарение на компанијата ЈВСнет која е генерален застапник на Synology имавме можност две-три недели да го тестираме овој нов уред.

synology-rt1900ac

Во својата првична најава, Synology го претстави продуктот како безжичен рутер со високи перформанси кој нуди професионални алатки за оддржување на мрежа, QoS на ниво на апликации, предефинирана база на сајтови со несоодветна содржина, DNS базирано веб филтрирање за родителска контрола или пак за ограничување на пристап во работна средина како и рутер со можност за активирање на интернет во одредени, претходно закажани временски периоди во текот на денот. Со преземање на дополнителен софтвер, можете да го надополните рутерот со VPN услуги, RADIUS автентикација, DNS сервер, Media Server и сл.

Како и кај сите модерни рутери, така и Synology RT1900ac може да биде менаџиран од Android или iOS апликација од било каде – што лично за нас (краток вовед: параноични сме на тема ИТ безбедност), претставува непотребна работа која само дополнително може да ја загрози безбедноста на вашите податоци и мрежа. Но, приватноста е одамна изгубена, зар не?

manage_everything_01

Во поглед на конективноста, рутерот има 4 Gigabit Ethernet LAN порти, три антени и како што налага и самото име, работи на 802.11ac безжичниот стандард кој дозволува брзини и до 1300 Mbit/s на краткиот 5 GHz канал, додека солидни 600 Mbit/s на 2.4 Ghz канал. Достапни се и една USB 3.0 порта и слот за SD/SDXC (Secure Digital eXtended Capacity), преку која рутерот може да биде искористен и како NAS за споделување на дигитална содржина и да се поврзе со дополнителната апликација Media Center.

Интересна работа е USB слотот и на една друга тема, преку него со USB 3G или 4G модем можете лесно да го претворите Synology RT1900ac во безжичен хотспот било каде.

Пакување

Рутерот е спакуван во компактна картонска кутија, која откако ќе ја отворите ќе ги видите уредно спакувани рутерот, мрежниот кабел, адаптерот за струја, трите антени спакувани одделно и дополнителниот држач доколку планирате рутерот да стои во вертикална позиција. Сосема минималистичко пакување пропратено со само едно ливче со кратки инструкции.

Самиот рутер кој има добар дизајн тежи половина килограм и има димензии од 66 x 206 x 160 mm без антените.

Инсталација

Инсталацијата е навистина лесна, се состои од 4-5 чекори при кои се одбираат основни работи како регион, корисничко име и SSID, лозинки и сетирање на вид на конекција.

synology-rtgif

 Функционалности 

Системот е базиран на Synology Router Manager (SRM) оперативниот систем кој делува доста лесен за користење и нуди добар интерфејс. SRM оперативниот систем нуди лесен пристап до стандардните опции за менаџирање на мрежа – мониторинг на пренос на податоци, филтрирање по MAC адреси, контрола и филтрирање на сообраќај, форвардирање на портови, DMZ и слични очекувани работи за еден ваков рутер. Интересното е тоа што SRM ОС има своја продавница за апликации во која корисникот може да преземе разни апликации развиени од Synology, нивната девелоперска заедница или други партнери на Synology. Засега нивниот број е ограничен на неколку апликации развиени од Synology, но да не заборавиме дека продуктот допрва ќе биде достапен на пазарот.

Во App Store-от наречен Package Center засега се достапни апликациите:

  • VPN Server
  • RADIUS Server
  • DNS Server
  • Download Station
  • Media Server

Image 176

При тестирањето, бевме пријатно изненадени од перформансите на рутерот при користење на Media Server апликацијата, која стримањето го вршеше доста добро во локална мрежа.

ПЕРФОРМАНСИ

Рутерот работи на dual core 1.0 GHz процесор и има доста солидни перформанси за повеќето потребни таскови. Самиот дизајн на рутерот вклучува две вградени ногарки на задниот дел, кои имаат намена да го олеснат ладењето на рутерот, кој за време на нашето користење знаеше да загрее малку повеќе од очекуваното.

Спецификација:

  • CPU Dual core 1.0 GHz
  • Меморија 256 MB DDR3
  • Антена 3×3 MIMO омни-дирекционална (2.4GHz / 5GHz)
  • LAN порти гигабитни 4 x RJ-45
  • WAN порта гигабитна 1 x RJ-45
  • Надворешен слот за USB 3.0 (5V, 1.5A)
  • Надворешен слот за SD картичка (SDXC UHS-I, SDHC)
  • Потрошувачка на струја 10.82 W при активно работење, 7.45 W во мирување
  • Број на максимално поврзани уреди: 70
  • Број на максимални MAC филтри: 100
  • Број на максимални DHCP резервации: 500

Што се однесува на брзината на трансферот на податоци, го тестиравме рутерот во неколку сценарија, меѓу кои вклучување на рутерот во постоечка мрежа од над 30 уреди и дедицирана оптичка конекција како и поврзување на рутерот директно во модем во домашни услови. Преносот преку Ethernet е одличен, а бевме задоволни и од она што RT1900ac имаше да го понуди и преку 5GHz и 2.4 GHz канал. Тестовите за безжичното поврзување се базираа на околу 2 и 5-6 метри оддалеченост од рутерот, но доколку правилно ги позиционирате антените (средната под агол од 90° додека другите две под агол од 45°) би требало покриеноста да е сосема доволна.

Заклучок

Synology RT1900ac е добредојден производ во сегментот рутери кои ќе го олеснат менаџирањето на локалната мрежа и ќе понудат едно решение за рутер, домашен NAS сервер и медиа центар. Интерфејсот и апликациите кои што ги нуди овој рутер се чини дека имаат за цел да ја заменат сегашната концепција на рутери кои што еднаш се сетираат и се забораваат нудејќи поголем избор на апликации и можности за менаџирање на мрежа преку Package Center.

Брзото загревање на самиот уред е нешто што ни остави негативен впечаток, но се чини дека ова е генерален проблем кај повеќето безжични рутери, а Synology го има решено со подигнати и вградени ногарки на задниот дел. Цената, која според наши информации ќе се движи околу 11.000 денари на локалниот пазар, го става RT1900ac во категоријата “посолени” рутери, но оправдувањето е дека со RT1900ac добивате решение кое ви нуди подобра оптимизација, контрола и искористеност на вашата локална мрежа.

За крај, нашите импресии од овој безжичен рутер се солидни и доколку размислувате за подобрување на вашата домашна мрежа со поквалитетен уред кој планирате активно да го користите, а не само да го вклучите и заборавите, имајте го во предвид Synology RT1900ac.

ocenka-synology-rt1900ac

Голема благодарност до ЈВСнет за отстапување на овој производ за тестирање. Оваа рецензија е објективна рецензија на редакцијата на IT.mk и не е платен ПР текст за Synology, RT1900ac, или ЈВСнет. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
TGL
TGL
9 years ago

Еве го моето гледање на уредов, и сличните уреди како него.
Прво нешто што паѓа во очи е од каде е идејата на Synology да влезе на релативно заситениот пазар на рутери. Да биде конкуренција на докажани компании кои имаат врвни производи.
ИТ технологијата е во фаза на Post PC Era. Компјутерите повеќе немаат раст во продажбата. Старите машини се доволно добри да не се купува ново, а мобилните уреди и таблети ги завршуваат сите потреби на домашни корисници. Целата енергија е насочена кон Cloud Computing. Затоа Асус на пример влезе на пазарот со НАС уреди. Моето мислење за рутеров е дека Synology со овој рутер сака да го доближи искуството на нивниот DSM OS на идните корисници на НАС уреди. Да добијат мини НАС уред, да се навлечат на супер лесниот менаџмент кој не бара ИТ администратор, и кога ќе одбираат NAS да одберат Synology.
Со рутеров корисниците добиваат мини NAS без RAID заштита (постои Workaraund со USB RAID кутија, ама со цената подобро ќе биде да купат најефтин 2-bay вистински NAS), домашен Cloud, Медиа сервер, Торент клиент…. со што сите Смарт уреди добиваат смисла.
Она што е интересно е родителскиот надзор на интернетот. Многу лесно се исклучуваат соддржини кои не се прикладни за деца, се ограничува времето на Youtube, Facebook….
Околу безбедноста. Рутеров креира сертификати кои се импортираат во мобилните апликации и безбедноста е на повисоко ниво.
И само Synology има нативни апликации за Windows Phone освен за iOS и Android. Што е главната причина да бидам нивен фан (покрај други предности во однос на конкуренцијата)

Ваквкиот тип на уреди веќе не се гледа само како голи перформанси, туку какви додатни карактеристики има за корисниците.

Како мана на рутеров ја ставам цената. Synology треба да ја спушти цената да може секој дома да има рутер со вакви опции за следно купување да купи НАС. Со високата цена ги одбива домашните купувачи во кризни времиња.

trackback

[…] ← Прв поглед на Synology Router RT1900ac […]