Со новата надградба на iOS, Apple повторно се зафаќа со решавање на навидум мали проблеми кои ги прават нивните производи најдобри на пазарот. Новата 9.3 надградба на iOS која во моментов е достапна за развивачите во бета верзија, доаѓа со функција која ќе олесни заспивањето на корисниците. Најверојатно веќе сте виделе некоја статија во која се зборува за лошото влијание на таблет компјутерите и паметните телефони поврзано со несоница. Станува збор за штетното влијание на светлото од уредите кое го нарушува ритамот и сонот на корисниците, вели Apple.
Со новиот iOS уредите на Apple ќе го следат времето преку геолокација и кога ќе дојде времeтo за спиење, ќе ја вклучат функцијата Night Shift. Ова ќе ги промени боите на екранот, во потопли тонови со повеќе портокалова и црвена, а помалку сина и бела. Црвената светлина од свеќа или оган е попригодна за очите навечер, отколку сината дневна светлина. Ова е всушност истата функционалност која ја нуди f.lux на Mac и Windows компјутерите, како и на „jailbreak“ iOS уреди, пишува Fast Company. Очигледно имплементацијата на Night Shift не е револуционерна промена, но интегрирањето во оперативниот систем е далеку подобро од користење како апликација.
Се разбира гасењето на телефонот работи далеку подобро од промената на светлина, но доколку сте дел од корисниците кои мора да прегледаат социјални мрежи и пошта пред да заспијат, тогаш Night Shift може да биде вистинкото решение за вас.








Ехехееее… https://justgetflux.com/news/2016/01/14/apple.html … А постои верзија и за Андроид, само се вика Twilight