Неколку кул технологии што ги пропуштивте oд CES 2016

Паметни телефони, автомобили, беспилотни летала, интернет на нештата, виртуелна и проширена реалност, паметни телевизори… ова се само мал дел од уредите кои се презентираа на CES 2016 во Лас Вегас. За разлика од минатата година кога во фокусот беа 3Д принтерите, овој пат CES беше преплавен со интернет на нештата идеи, уреди поврзани преку интернет, и на помалку ретро апаратчиња кои го пронаоѓаат својот пат назад во домаќинствата. Секако тука беше и виртуелната реалност, која е the next big thing во гејмингот.

HTC и Steam конечно го претставија својот уред за виртуелна реалност HTC Vive Pre и она што без сомневање ќе биде најголемата прeдност на овој уред е дека за него нема да биде потребна супер хардвер конфигурација, односно ќе работи и со поскромни компјутери.

 
Engadget и други медиуми го прогласијa Owlet за најдобар стартап на годинашниот саем. Компанијата креираше паметно чорапче за бебињата кое преку паметен телефон ги известува родителите дали има проблеми со работата на срцето или со дишењето на нивното бебе. Уредот може да се поврзе со телефонот дури и во случај кога нема Wi-Fi или телефонска мрежа, па родителите можат да бидат сигурни дека нивното бебе е безбедно.

 
Мало изненадување на CES беше паметниот часовник на Fitbit. Компанијата е позната по своите фитнес податоци, но ова е прв пат компанијата да креира паметен часовник. Fitbit Blaze повторно првенствено е фитнес монитор, но ова е случај со најголем дел од часовниците, па корисниците кои се заинтересирани за паметен часовник без сомневање ќе бидат заинтересирани за Blaze.

 
Recon Empire EVS е маска за проширена реалност креиран од Empire во соработка со Intel и негова основна намена е забава, односно „paintball“. Маската овозможува следење на членовите на тимот и нивно презентирање на виртуелна мапа. Иако уредот е пред се наменет за „paintball“, лесно е да се замисли како технологијата ќе помага насекаде.

 

Yuneec Typhoon H е беспилотно летало кое за разлика од најголемиот дел на слични уреди може да го следи корисникот, без опасност да се удри во нешто или да се загине по пат. Технологијата која овозможува препознавање на пречките и корисникoт е RealSense од Intel. Дронот може да препознава пречки и да заобиколува пречки во реално време.

 

Најновиот конкуренти на Tesla, Faraday Future имаше импресивна презентација на концепт поделот FF Zero 1. Футуристичкиот изглед на возилото повеќе потсетува на нешто што излегува од филм отколку на возило кое ќе го сретнеме на улица во догледно време, но компанијата ветува дека автомобилите ќе бидат произведени во фабриката во Невада.

 
Телефонот LeTV Le Max Pro на кинескиот производител LeTV e првиот кој ќе доаѓа со Snapdragon 820 процесор. CES поодамна не е местото каде најголемите производители на телефони ги презентираат своите најдобри уреди, но презентацијата на првиот телефон со најмоќниот мобилен процесор е вистински подвиг за LeTV.

 

Lenovo Link е стикче кое овозможува спој на Android телефон и десктоп компјутер. Уредот нема специјална функција, но овозможува спојување на паметен телефон и десктоп компјутер, па за корисниците кои често менуваат помеѓу десктоп и телефон ќе биде добредојден уред.

 

Ehang 184 е најверојатно најфутуристичката технологија која беше презентирана на годинешниот CES. Станува збор хибридно автономно возило, кое може да работи како автомобил или летало! Ehang 184 доаѓа од кинескиот производител на беспилотни летала Ehang, но за жал засега е повеќе концепт отколку готово возило.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] на леталото Ehang 184, кое беше претставено во јануари на CES 2016, доби дозвола да го тестира возилото во Невада, САД. […]

trackback

[…] Synology RT1900ac, кој моментално Synology го презентира на CES 2016. Благодарение на компанијата JVSNet која е генерален […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk