Retrace the Light: Истражување на човечката свест

во Вести

Од Xiaming Game и GlintForge ни доаѓа предизвикувачка акциона авантура со интересна приказна и забавни гејмплеј механики. Доколку сте фанови на sci-fi светови и иникатни сценарија поврзани со супериорната ВИ, тогаш ова е игра која не би требало да ја заобиколите.

Дејството на Retrace the Light е сместено во далечната 3323 година, во дистописка иднина каде границите помеѓу човечката свест и вештачката интелигенција се целосно замаглени преку таканаречениот проект Meta Mirror. Иницијативава, родена од соработката меѓу човештвото и суперинтелигентниот ентитет Примус, има за цел да ја стабилизира општествената безбедност преку директна интервенција во умовите на поединците кои страдаат од тешки емоционални трауми.

Вие ја преземате улогата на енфорсер кој, по една катастрофална мисија останува тешко повреден и со целосна амнезија, принуден повторно да ги открива мрачните тајни на проектот. Цалата сај фај приказна е длабоко психолошка, водејќи ве низ бизарни лавиринти создадени од искривената човечка психа, каде што секоја локација претставува манифестација на внатрешен немир. Како резултат, приказната туку нуди слоевито искуство каде интеракцијата со сојузниците и одлуките кои ги носите директно влијаат врз развојот на настаните, водејќи кон повеќе различни завршетоци кои зависат од вашата морална и тактичка пресуда.

Spatial Retrace е уникатна механика која ви дозволува да поставите маркер на одредена локација и во било кој момент моментално да се телепортирате назад на таа позиција. Ваквата алатка создава интересни можности за решавање сложени загатки, но и подлабок борбен систем, овозможувајќи ви да изведувате тактички маневри кои инаку би биле невозможни. Чисто за пример, можете да намамите непријател во една насока, а потоа веднаш да се вратите зад неговиот грб за да изврши ненадеен напад, или пак да избегнете смртоносен удар во последната секунда така што ќе се телепортирате на другата страна. Динамиката на движење бара постојано да размислувате, предвидувајќи ги движењата на противниците и користејќи го теренот како оружје.

Во однос на борбениот систем и прогресијата, Retrace the Light нуди робустен систем на персонализација преку примарни и секундарни модули. Со собирање на седум различни примарни модули, кои се добиваат преку поразување на клучни непријатели, и преку дваесет скриени секундарни додатоци, можeтe драстично да го променiтe вашиот стил на игра, да создадете специфични билдови кои може да се фокусираат на напади, одбрана и или пак на висока штета. Флексибилноста во овој погле е клучна при соочувањето со таканаречените Mirrormares – босови кои се физичка манифестација на човечките опсесии. Противниците варираат од колосални механички конструкции до лукави ентитети кои ја менуваат формата и перцепцијата на реалноста.

Retrace the Light претставува амбициозен наслов кој успешно ги спојува брзата акција со длабоки наративни теми и иновативни механики на играње. Предизвикот кој го нудат босовите и слободата во креирањето на сопствен борбен стил обезбедуваат солидна вредност, особено за оние кои сакаат да ги видат сите можни завршетоци. Насловот топло се препорачува за љубителите на акциони авантури кои уживаат во тактичко надмудрување на противникот во визуелно впечатлив свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments