Ретка ретро игра за Nintendo се продава за неверојатни 99.902 долари

во Софтвер

Nintendo World Championships излезе како дел од специјален настан во 1990-та година. Играта е направена во единствено 116 копии, а неодамна една копија се појави на eBay. Откако започно надавањето од 5.000 долари, финалната понуда на кетриџот е неверојатни 99.902 долари.

Игрите на кетриџот се креирани за NES и се дизајнирани за натпревар, но никогаш не се најдоа во продажба. На кетриџот се наоѓаат верзии на Tetris, Red Racer и играта без која Nintendo неможе ниту да се замисли, Super Mario. Натпреварувачите имаат шест минути да соберат што е можно повеќе поени во трите игри, а победникот според првичната идеја ќе добиеше пехар, пат до студиото Universal ии разни други награди, јавува BBC. 90 полуфиналисти добија вакви сиви кетриџи, а уште поретки се златните верзии на истиот кетриџ кои излегоа како дел од друг натпревар.

Се очекуваше цената на кетриџот ќе биде пониска бидејќи е во прилично лоша состојба, но со оглед на малиот тираж во кои е излезена серијата сепак достигна речиси 100 илјади долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk