Фокусирајќи се на перформанси, квалитет и впечатлива забава, PowerA е американска компанија која неуморно работи на создавање иновативни додатоци. Низ годините, компанијата има исфрлено квалитетни и официјално лиценцирани додатоци за компании како Microsoft или Nintendo. На македонскиот пазар, Анхоч знае од време на време да понуди нивни контролери. Покрај оваа продавница, сме забележале и солиден избор на косовската продавница Zirafa50.
Од неодамна, компанијата исфрли серија од интересни нови додатоци. Во оваа прилика, би сакале на кратко да разгледаме дел од нив. За жал, сите од нив не се достапни на македонскиот пазар и овој текст е првенствено од информативен карактер. Дефинитивно би сакале почесто да ги гледаме додатоците на PowerA затоа што се работи за квалитетна компанија која знае што работи. Во меѓувреме, работиме на случајот да зграпчиме еден од новите контролери. Доколку имаме среќа, со задоволство ќе ве известиме преку нашата пишана и видео рецензија.
Контролери на PowerA
OPS v1 Wireless Controller за Cloud Gaming
Овој контролер доаѓа во две верзии: црна и бела (читај: Fornite). Како големи фанови на Fortnite, дефинитивно сме повеќе импресионирани од елегантниот црно-бел дизајн, но и црната верзија ќе знае како да го привлече вниманието. Независно од бојата, OPS v1 се приклучува на три начини: преку 2.4Ghz USB адаптер, Bluetooth, или жичен кабел. Од задната страна, на располагање имате четири копчиња кои ги прилагодувате според вашите потреби, со уште едно турбо, како и три начини за заклучување на тригерите. Едното полнење на батеријата дозволува непрекинати гејминг сесии од дваесетина часа.
OPS v3 Pro Wireless контролер за PC и Cloud Gaming со Lumectra
OPS v3 Pro е двојно поскап од горната верзија, но е значително поквалитетен контролер кој се одликува со механички и лесно прилагодливи копчиња, како и интегрирани сензори кои допринесуваат до попрецизни интеракции. Ако V1 има четири копчиња, V3 pro има шест, а батеријата допринесува за до 33 проценти подолги гејминг сесии. Љубителите на RPB осветлување дефинитивно нема да останат со празни раце; OPS v3 Pro ќе ги освои со суптилните разиграни осветлувања околу копчињата и страничниот финиш.
FUSION Pro 4 жичен и бежичен контролер за Xbox Series X|S
Доколки ги играте вашите игри на конзолата на Microsoft, тогаш би можеле да ви бидат интересни официјално лиценцираните контролери FUSION Pro 4. Поевтината, жичана верзија ви дозволува да ги прилагодувате копчињата на најразлични начини, како во поглед на висината на R1 и R2, така и во поглед на местење кое копче, каква акција да врши. Во многу аспекти, овие контролери доста потсетуваат на првите два од овој текст, минус Xbox логото. Нема да лажеме, бежичната верзија делува исклучително квалитетна, но и, за жал, скапа (150 долари). Сепак, тој финиш и тоа RGB осветлување никако не е за потценување.
Enhanced Wireless Controller за Nintendo Switch
Последниот контролер е официјално лиценциран за Nintendo Switch. Контролерот доаѓа во неколку колор дизајни. Едниот е инспириран од Pokemon, а другите од бројните херои и хероини кои се препознатливи за конзолата, како Супер Марио. Кој и да одберете, се работи за бежичен контролер чија батерија „држи“ полнење од 30 часа. На располагање имате две прилагодливи копчиња. Сите од копчињата се изработени од материјал кој не дозволува лизгање на прстите. Интересно ни беше да прочитаме дека контролерот доаѓа со кабел кој е три метри долг, принудувајќи не да посакуваме ова да е честа пракса со што е можно повеќе контролери.
Тоа беа неколку интересни контролери од оваа компанија. Дали сте имале прилика да проверите некои од нив и, доколку да, како сте задоволни од нив? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!
[…] пишувавме за различните контролери на PowerA. Низ годините, оваа […]