Разговор со Digital Eclipse за Atari 50: The Anniversary Celebration

Неделава ја имавме ексклузивната можност да ја провериме феноменалната дигитална енциклопедија Atari 50: The Anniversary Celebration. Чедото на Digital Eclipse ни дозволи да разгледаме најразлични фотографии, документи, постери, цитати, видео материјали, кратки документарци, и интервјуа. Паралелно со тоа, можевме да одиграме стотици култни игри од ерата на Atari. Доколку не знаете за што се работи топло препорачуваме да го прочитате нашиот текст тука!

Во меѓувреме, авторите зад Atari 50: The Anniversary Celebration беа повеќе од расположени за соработка и успеавме на кратко да поразговараме и со Крис Колер, уредникот од Digital Eclipse!


Koj e Крис Колер?

Крис Колер започнува професионалната кариера работејќи како автор на гејминг текстови за WIRED, IGN, GameSpot и многу други. Во 2005 година, Крис го осмислува Game|Life за Wired и го оддржува сѐ до јануари 2017 година. По тригодишна работа во Kotaku, Крис завршува како главен уредник за односи со јавноста и медиумски објави за Digital Eclipse!


Целосно фасцинирани од она што Digital Eclipse направи со Atari 50: The Anniversary Celebration, прво што го прашавме Крис е како тимот дошол до идејата да ја направи оваа ризница од податоци и игри.

Крис ни објаснува дека со наближување на 50 годишнината на Atari во 2022, компанијата имала силна желба да направи игра која ќе направи детален осврт на целата историја. Во меѓувреме, тимот во Digital Eclipse работел на концепти поврзани со архивирање игри. Овие концепти биле значително понапредни и никако не го следеле карактеристичниот урнек со кој се одликуваат поголемиот дел од “ретро колекциите“.

„Концептите на кои ние работевме ги викавме „интерактивни документарци“, а не ретро колекции.“, ни објаснува Крис и се надоврзува: „Ние работевме на нефикционална видео игра за видео игри. Осмислувавме приказна за историјата на игрите. На играчите им овозможувавме да гледаат карактеристики на видео, да проучуваат документи и дизајни, да гледаат винтиџ фотографии итн. Потоа, им приживме практични можности целосно да се запознаат со самите игри. Сето тоа е претставено во хронолошка временска рамка како виртуелен музеј. Навистина беше феноменален проект, бидејќи сите беа презадоволни од концептот. А, останатото е историја! Неодамна добивме Гинисов рекорд за создавање на „првиот документарец за интерактивна видео игра“.

Како што објаснивме во нашиот текст, Atari 50: The Anniversary Celebration е многу повеќе од игра. Се работи за платформа која непречено интегрира слоевите мултимедијална библиотека со ризница од над 100 игри. Таквото нешто сигурно не било лесно. А и Крис се сложува за тоа. Го прашавме дали може да позборува за некои од предизвиците со кои се соочувале за да ја реализираат нивната визија.

„Секако, за одредени игри програмерите мораа да се надминат себеси. Ако погледнете некои од аркадните игри во Atari 50, ќе видите дека се многу повеќе од едноставни ROM-датотеки – одредени области на машината всушност ќе светнат и ќе реагираат на играчот. Тимот имплементираше виртуелни рамки на тогашните машини, за целосно да го имитира изгледот на аркадните оригинали. За да успееме во оваа намера вложивме многу знаење, а потрошивме многу време и ресурси.“

Во тие стотина игри кои ги имате на располагање, шест се целосно нови, така да дури и верно да сте ги следеле Атари низ децениите, сепак ќе најдете нешто дополнително за играње. Го замоливме Крис да ни каже што ги има инспирирано за да ги создадат шесте целосно нови игри во Atari 50: The Anniversary Celebration.

„Секогаш се трудиме да создаваме нови или ремастерирани игри за нашите интерактивни документарни проекти. Пред сè, тоа е уште еден начин да им се оддаде почит на овие класици. Се залагаме да ги задржиме елементите што ги правеа класиците толку влијателни во минатото, но и да го подобриме севкупното искуство за денешните играчи. Второ, не сакаме само да гледаме наназад – сакаме да ги продолжиме приказните за овие игри, дизајнери и франшизи! Новите игри можат да бидат одлична влезна точка за играчите кои не се толку запознаени со оригиналите.“

IT.MK: Омилена игра од колекцијата?

Tempest 2000 е ремек-дело што бевме возбудени официјално да го реиздадеме по прв пат во Atari 50: The Anniversary Celebration.

Тука некаде, прашавме дали се задоволни со Atari 50 и со она што платформата го има постигнато. Дали имало можеби нешто што сакале да го вметнат во платформата, но се предомислиле во последен момент.

Со голема сигурност, Крис потврди дека сите девелопери имаат огромен список од кул работи кои морале да ги исфрлат од играта. За среќа, тоа не било случајот со Atari 50.

„Atari 50 беше посебна бидејќи имавме толку многу вработени што беа целосно посветени и долго работеа на проектот. Atari 50 е полна со секакви бонуси и сите беа вработени беа охрабрени да придонесат на најразлични начини. Рекреирана верзија на електронската рачна игра базирана на LED диоди Touch Me? Swordquest: Airworld, игра полна со сложени индиции и загатки? Запрепастува бројот на содржини кои имаме имплементирано. И, не застануваме тука, туку правиме повеќе.“

Дека прават повеќе – прават. Насловен како Atari 50: The Wider World of Atari, неодамна излезениот додатокот вметнува уште една петта временска линија која преповеда за уште многу други игри и ниже нови историски мултимедијални материјали како приказната поврзана со создавањето на играта Breakout, барањето на ретки прототипи, или пак интересни факти за Евелин Сето и познатото Atari Fuji лого.

Покрај ова DLC, тумот неуморно работи и на уште едно DLC кое е поврзано со „првата војна на конзолите“. Крис објаснува дека: „ќе можете да дознаете многу работи за ривалството помеѓу Mattel’s Intellivision и Atari 2600 и дека ќе чуете бројни работи од претставници на двете страни. Паралелно со тоа, ќе одиграте најразлични игри од M Network, ќе одгледате бројни Intellivision материјали, како и некои работи за кои никако не би можел сега-за-сега да зборувам.“

The First Console War ќе излезе на 8 ноември, истиот ден како физичката верзија на Atari 50: The Anniversary Celebration – Expanded Edition. Оваа едиција ќе ги содржи сите содржини и игри, и од основната игра и од додатоците.“

Совет за сите кои сакаат да запливаат во индустријата со развивање игри? Крис беше краток и јасен:

Почнете нешто и завршето го. Од непроценливо значење е макотрпната посвета на целосниот процесот – од осмислување па се до реализирање на проектот!

За крај, разговорот со Крис го завршуваме на висока нота!

Atari 50 беше возможен само поради заедничките напори на мултидисциплинарен тим со децениско искуство. Неверојатно е да се работи овде. Секојдневно сум благодарен за оваа уникатна можност и искуство!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments