Од година за година Grouper.mk продолжува да расте. Статистиката објавена за четвртиот роденден ни открива дека Grouper лани имал 33 отсто повеќе продадени купони од 2013-та година, или 20.000 нови корисници, над 3.200 нови зделки од 500 нови компании, и 20.000 симнувања на мобилните верзии кои беа објавени годинава.
Растот на Grouper.mk се должи на добриот бизнис модел на групните попусти што секаде во светот забележува успех, со компаниите вредни неколку милијарди долари. Успехот се должи и сигурно поради трудот на нивниот тим кој ги двои од конкуренцијата. Но, не треба да се заборавиме дека Grouper.mk стартуваше во Македонија кога љубопитноста за онлајн купување конечно го надмина стравот дека некој-таму-на-некој-си-интернет ќе ви ги украде парите. Сега, корисниците се поопуштени да купуваат онлајн и наместо да имаат страв, ги интересира што се може да купат.
„Ако пред 4 години повеќе добивавме прашања за постапката на купување и за бедбедноста на онлајн плаќањето. Сега повеќе прашањата се насочени за конкретни понуди и нивно користење, најголем дел за зделките за патувања”, вели Нина Ангеловска, основач на Grouper.mk.
Секако корисниците се распрашуваат и за безбедноста, за како Grouper функционира, како се купуваат купони, како се плаќа, кој им гарантира дека купоните се валидни… Но, има и тренд на нови корисници. Во просек по 1.200 нови купувачи секој месец, што според Нина е „показател дека има уште капацитет за ширење на Grouper и зголемување на бројот на корисници“. Од јуни со мобилните верзии корисниците започнаа да купуват купони преку мобилен, и дури 25 отсто од вкупните купувања сега се преку iOS и Android апликациите. Со апликацијата не треба да се печати купонот, туку се покажува мобилниот.
Се забелешува и промена на навиките на корисниците. Сега се користат повеќе платежни картички, додека скоро никој веќе не купува преку уплатница.
„Во 2014 само 4% од вкупнот број на онлајн купувања се направени со уплатница, во 2013 околу 6.3% беа купувања преку уплатница, а во 2012 година 7.5%, што говори дека се повеќе корисниците ја користат удобноста од купување од дома без да одат во банка. Се надевам дека во оваа промена имаме удел и ние со повремените кампањи и мерки кои ги имаме за укажување на леснотијата и безбедноста во купувањето со платежна картичка“.
И компаниите сега покажуваат инцијатива за вклучување во онлајн светот, вели Нина. Grouper понекогаш добива и по 10 барања на ден за соработка кои сакаат да продаваат услуги со попусти. Оваа година беше стартувана и посебна страна за компаниите.
Факт е дека купувањето онлајн стана привлечно за македонските корисници. Не само затоа што онлајн можат да се најдат подобри зделки, туку бидејќи е полесно да се купува преку компјутер или мобилен. Во последниве две години продавниците како AliExpress станaа омилени продавници за македонските корисници, од пред една година имаме и PayPal. Полека, но сигурно, напредуваме во е-трговијата, иако не можевме тоа да го направиме без помошта на сервисите за групните попусти, предводени од Grouper.mk.
„Сметам дека купувањето од странски продавници како eBay, Alibaba и слични е зголемено, но не би рекла дека тоа се должи толку на отворењето на PayPal за Македонските граѓани туку повеќе би го препишала на зголемување на свеста на граѓаните и отварање на видиците кон глобализацијата која ја нуди Интернетот“, вели Нина.