Вториот тест на интернет дронот на Facebook е успешен

во Свет

Facebook оваа недела објави дека стигна до бројката од 2 милијарди корисници. Сепак пазарот станува заситен, и доколку сака да продолжи да се шири, друштвената мрежа ќе мора да дојде до нови корисници. Најголемиот дел од новите корисници за жал се на места на кои нема пристап да квалитетен интернет. Ова е една од причините поради која Facebook, но и Google работат на алтернативни методи за обезбедување на Интернет во руралните региони.

Откако претходниот лет на дронот на Facebook, Aquilla заврши со пад на леталото, компанијата кончено има причини за задоволство. Вториот тест помина без никакви проблеми, а леталото имаше совршено слетување, вели Recode.

Совршеното слетување не е единствената надградба на леталото. Овој пат леталото се качуваше два пати побрзо од првиот пат, односно 55, метри во минута. Леташе на висина од 914 метри, претходната висина беше 655 метри. Ова е сè уште далеку од планираната оперативна висина, која е од 18 до 27 километри.

За разлика од Facebook кој едвај започнува со тестовите, Google веќе го имаше својот прв масовен тест. Флотата на Project Loon од пред неколку месеци помага со бежичен интернет во Перу. Со оглед на тоа дека двете најзаинтересирани компании за корисници, работат на своите технологии, иднината во која сите се поврзани изгледа пореална од било кога.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments