Пронајдете го украдениот лаптоп со Prey

Во случај да стапи на сила незамисливото и да ви се украде вашиот лаптоп или телефон, Windows 10 корисниците имаат на располагање бесплатен софтвер за следење. Откако ќе ја овозможите опцијата Find My Device, можете точно да дознаете каде се наоѓа вашиот лаптоп или Windows 10 направата и тоа преку вашиот Microsoft акаунт. Нормално, за да ваквото нешто функционира, мора да се исполнети одредени предуслови. Имено, вашата направа може да ја испрати локацијата само доколку е конектирана на Wi-Fi, има батерија и користи GPS. Згора на ова, доколку не користите Windows 10 направа, се наоѓате во прилично незавидна ситуација.

Останати софтвери од овој калибар знаат да бидат или премногу скапи или целосно некорисни.

Но, не и Prey.

Оваа алатка работи на Windows, Android и iOS и е бесплатна за до три ваши направи. Во моментот кога ќе го покренете Prey, програмот си работи во позадина ненаметливо и со огромна стравопочит кон здравјето на вашата батерија. Во случај да исчезне вашиот лаптоп, преку Prey акаунт дознавате каде е последната локација кога е користена направата, а и добивате дискретно извлечена слика од моментниот корисник на лаптопот. Со оваа слика, како и серискиот број од лаптопот и детални податоци за идентификација на истиот (собрани од Prey), можете да отидете во полиција и да барате соодветна акција за враќање на направата во ваша сопственост.

За да уживате во предностите на Prey, кликнете тука, па Get Prey Now. Потоа, изберете Get Basic и внесете ги вашите податоци. За крај кликнете на Download Prey, па Windows и, по завршување на инсталацијата, кликнете на Existing user и внесете ја претходно креираната лозинка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments