Radar Mk e алтернатива на Пази Радар, но не мора да користите интернет

3 коментари 1 мин. читање

Неодамна МВР ја претстави Пази радар, апликација на МВР која ве информира за можните радарски контроли, и која има за цел да ве заплаши за да возите поспоро и побезбедно.

Иако одлична и корисна апликација, проблемот со Пази радар e што е потребно интернет конекција за да може апликацијата да функционира и да ги користи мапите и GPS-oт за да ја одреди локацијата на возачот и радарите за да предупреди.

Но, сега има алтернатива за која не е потребна интернет конекција. Radar Mk на битолчанецот Сашо Стојановски, познат од претходно по својата Druidpad апликација, во себе содржи мапа на Македонија со сите можни радарски контроли, кои се јавно објавени на сајтот на МВР, што значи дека нема потреба да сте поврзани на интернет за да ја користите. Откако ќе се симне апликацијата, потоа автоматски се симнуваат мапите кои тежат околу 200 МB.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top