Промовирајте си постови на Facebook

Facebook полека ја стартува опцијата со која администраторите на фан страната може да одберат да си промовираат пост. Во моментов, таа опција не е достапна за сите корисници, но очекуваме да биде во текот на неделата.

За одредена сума, администраторите ќе можат да одберат пост кој ќе биде истакнат на стримот со новости на голем број од фановите на страната. Mрежата користи алгоритам Edgerank кој одредува според различни фактори кому да го прикаже тој промовиран пост. Целта секако е да ги привлече корисниците на вашата страна да го лајкуваат или споделат тој пост. До колку луѓе ќе стигне зависи од цената која ќе се плати.

Промотивните постови можат да бидат одлични доколку брендот има некој специјален настан или промоција која сака да ја видат повеќе луѓе. Но, тоа што е интересно е што не може да промовирате пост постар од 3 дена. Со ова Facebook се надева дека почесто ќе трошите пари за промоциите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
ninja
ninja
14 years ago

Добро смислено и однапред испланирано од Фејсбук. Се примети од пред неколку емсеци, дека линковите на постовите од фан страната кои се постирани не се појавуваат кај сите фанови. Селекцијата беше тестирана за најпосле да може да се почне со селектиран маркетинг за да може да се прават пари повеќе. Колку ќе биде успешно ова ќе видиме, но милионите корисници на фејсбук секако се предност. Како и да е ова е голема неправда за фан страните и фановите.