2 коментари 2 мин. читање 13 февруари, 2023

Преземајте торенти со Transmission

Во случај да често преземате најразлични торенти, од легална природа, се разбира, потребна ви е едноставна, но моќна апликација. До пред некое време, сметавме дека Deluge е апсолутно на тронот, но со секое надополнување Transmission е чекор поблиску до првото место.

Најновата верзија на Transmission е се што би можеле да посакате од еден клиент за торенти – чист, ненаметлив и едноставен дизајн кој е целосно опериран од реклами! Transmission е бесплатна апликација, толку добра да е дел од Linux дистрибуцијата на Ubuntu.

По покренување на апликацијата, можете да започнете со преземање на торентите, но имајте во предвид дека Transmission ве советува да не преземате повеќе од пет торенти од еднаш, иако таквото нешто може да се смени во опциите. Торентите ги „шетате“ низ листата според различни вредности, а во кое било време можете дополнително да се информирате за бројот на корисници кои „влечат“ од торентот, со која брзина и ред други работи. Десен клик на одреден торент ви дозволува да ја ограничите брзината на преземање, односно споделување.

Transmission е целосно бесплатна апликација и е вистинско задоволство да се користи. Доколку имате потреба од преземање торенти, проверете ја четвртата верзија на transmissionbt.com!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
mihovkris
mihovkris
3 years ago

Убунту, не убунду

Мени
Заедница
Изглед
To top