Планот за лансирање на сателити преку кој ќе се обезбеди брз интернет на Space X започнува во 2019 година.
Колкав е проектот, најдобро покажува податокот дека во моментов има 1.300 активни сателити, а Space X планира да лансира 4.425. За реализација на овој план ќе бидат потребни 10 милијарди долари.
Она што до неодамна не беше познато е динамиката со која ќе се одвива реализацијата. До крајот на годината компанијата ќе лансира еден прототип на сателитот. На почетокот на 2018 година, ќе лансира уште еден. Со реализација на „констелацијата“ ќе започнат во 2019 година. Последните сателити ќе бидат лансирани во 2024 година. За реализација, Space X во просек ќе треба да лансира повеќе од 60 сателити месечно, што изгледа како луд план.
Сателитите ќе бидат на висина помеѓу 1.110 и 1.325 километри, во 83 орибитални патеки, пишува CNBC. За лансирање ќе биде користена Falcon ракетата. Ова е добра вест и за двата проекти, со оглед на тоа дека компанијата сакаше да да го зголеми бројот на летови на ракетата.
Предноста на оваа мрежа за интернет ќе биде што ќе донесе пристап насекаде, од градските центри до најзафрлените рурални населби.
Еден од најголемите проблеми на оваа потенцијана сателитска мрежа се ексклузивните договори за региони кои ги имаат некои од провајдерите.







