Iris² – Европа ќе инвестира 10,6 милијарди евра во конкурент на Starlink

во ИТ.ЕУ

Европа е решена да се приближи до врвот на технологијата во вселената. Ова го потврдува и договорот вреден 10,6 милијарди евра кој го потпиша Европската комисија за развој на Iris². Тоа е амбициозна сателитска мрежа дизајнирана да биде ривал дури и на Starlink на Илон Маск. Проектот е најголема вселенска иницијатива на Европската унија во последната деценија. Iris² има за цел да испорача брзи комуникации низ целиот европски блок, истовремено ревитализирајќи ја вселенската и аеро индустријата на континентот.

„Денеска не лансираме само сателитски проект. Лансираме визија – визија за посилна, поврзана и поиздржлива Европа. IRIS² ја демонстрира решителноста и посветеноста на Унијата за зајакнување на европската вселенска глобална позиција и за безбедноста и конкурентноста во корист на нашите влади, бизниси и граѓани.“, вели Андриус ​​Кубилиус, комесар за одбрана и вселена.

Мисија во две орбити

Iris² – кратенка од Infrastructure for Resilience, Interconnectivity, and Security by Satellite – е трет голем потфат на европската вселенска инфраструктура. Доаѓа по навигацискиот систем Galileo и мрежата за набљудување на Земјата Copernicus. Проектот е амбициозен, а неговата цел е двојна: обезбедување безбедни комуникациски услуги за земјите-членки на ЕУ и зголемување на иновациите во европскиот вселенски сектор.

Програмата предвидува распоредување на 290 сателити во ниска и средна орбита на Земјата (LEO и MEO). Мрежата се очекува да почне да функционира пред почетокот на 2030 година. Нејзиниот капацитет првенствено ќе поддржува комерцијална широкопојасна услуга наменета за бизниси и домаќинства. Сепак, значителен дел е резервиран за безбедни владини апликации, вклучително и надзор и управување со кризи.

„Автономното и безбедно поврзување е императив за ЕУ.“, вели Тимо Песонен, генерален директор за одбрана, индустрија и вселена на Европската комисија. „Iris² ја поткрепува нашата стратешка автономија и одбранбен капацитет, ја промовира конкурентноста и ја поттикнува соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. “, пренесе Financial Times.

10,6 милијарди евра за европски сателит

Иако првичните проценки за Iris² беа 6 милијарди евра, цената се зголеми на 10,6 милијарди евра. Европската комисија ќе финансира 61% од проектот, а остатокот ќе биде од приватен конзорциум наречен SpaceRise. Приватните инвеститори се предводени од Eutelsat, Hispasat и SES. Партнерите на SpaceRise вклучуваат индустриски гиганти како Airbus, Deutsche Telekom, Telespazio, и Thales.

Извршниот директор на Eutelsat, Ева Бернеке, ја истакна стратешката природа на инвестицијата, која изнесува 2 милијарди евра. Бернеке нагласи дека компанијата ќе ги интегрира технологиите Iris² во својата сателитска мрежа OneWeb многу порано. „Добиваме пристап до најсовремените технологии во голема мера финансирани од јавни фондови“, истакна Бернеке, нагласувајќи ги синергетските придобивки од јавно-приватната соработка.

Нови можности за европска вселенска програма

Се чини дека проектот доаѓа во вистинско време. Европската вселенска индустрија се мачи да се прилагоди на поголемата промена во сателитската индустрија – од големи геостационарни сателити до соѕвездија на помали, вселенски летала во ниска орбита. Гигантите како Erbas и Tales најавија значителни отпуштања во последниве месеци, наведувајќи ја намалената побарувачка за сателитски технологии. Iris² ветува дека ќе внесе нова енергија во овој проблематичен сектор. Според Јозеф Ашбахер, генерален директор на Европската вселенска агенција, програмата „ќе ги поттикне иновациите, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе создаде работни места“. Сепак, вселенските амбиции на Европската унија не се без предизвици. Starlink на Елон Маск – со својата констелација од над 6000 сателити – веќе освои значителен дел од глобалниот пазар на сателитски широкопојасен интернет. Сервисот има корисници во над 100 Држави низ целиот свет.

Поранешниот италијански премиер Марио Драги потенцира дека Европа во моментов е неконкурентна во вселенскиот сектор. „ЕУ доцни зад САД во ракетниот погон, мега-соѕвездијата за телеком и сателитски апликации“, напиша Драги, предупредувајќи на влијанието на Starlink врз европските производители и телекомуникациски оператори.

„IRIS² не е само технолошко достигнување – тоа е доказ за амбицијата и единството на Европа. Ова врвно технолошко соѕвездие ќе ја заштити нашата критична инфраструктура, ќе ги поврзе нашите најоддалечени региони и ќе ја зголеми стратешката автономија на Европа. Со партнерството со конзорциумот SpaceRISE, ја демонстрираме моќта на јавно-приватната соработка за поттикнување на иновациите и за обезбедување опипливи придобивки за сите Европејци.“, вели Хена Виркунен, извршен потпретседател за технички суверенитет, безбедност и демократија.

Балансирање на соработка и конкуренција

Интерните несогласувања околу трошоците и поделбата на работа ги комплицираа преговорите за Iris². Германија, изрази загриженост за зголемениот буџет на проектот и распределбата на одговорностите. Сепак, покрај овие тензии, европските лидери ја истакнаа важноста на соработката за да се обезбеди успех на програмата.

„Договорите нема да се доделуваат врз основа на националните инвестиции; ќе победат најдобрите добавувачи“, изјави Филип Баптист, претседател на француската вселенска агенција CNES. „Ако Tales или Airbus сакаат голем удел, треба да докажат дека се конкурентни“.

Лансирањето на Iris² e предвидено пред 2030 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments