Hewlett-Packard го претстави својот прв лаптоп кој работи на Google-овиот Chrome OS. Како што кажува и името на новиот лаптоп, HP Pavilon 14 Chromebook има 14-инчен екран со 1366×768 резолуција, што е поголем екран од повеќето Chromebook лаптопи кои се по 11,6-инчи. Работи на 1,1 Ghz Intel Celeron процесор, 2 GB RAM и има 16 GB простор (и 100 GB на Google Drive за две години). Има 2 USB 2 портови, HDMI и слот за SD картичка, и батерија која држи до 4 часа.
Лаптопот – кој тежи само 1,8 килограми и чини 330 долари – има скромни перформанси, но сосема доволни за својата намена. Во суштина Chrome OS не е ништо повеќе од прелистувач кој ве поврзува на интернет со брз пристап до апликациите на Google како Gmail, Docs, Calendar, Drive и др. Лаптопот е достапен во САД, без детали кога и дали ќе биде продаван и во другите земји.








