0 коментари 2 мин. читање 4 февруари, 2013

ManageWP претстави своја Android апликација

ManageWP на некој начин претставува универзална работна табла (Dashboard) за WordPress преку која можете да менаџирате со повеќе ваши WordPress веб-сајтови од едно место. Во ноември тие ја објавија iOS апликацијата, а еве неколку месеци подоцна пристигна и таа за Android паметните телефони.

Како што пишува oсновачот Владимир Преловац во својот блог пост, целата работа била завршена уште при напорниот развој за iOS, а овде требало да се пренесат сите тие работи. „Доколку не е расипано, не го поправај“ е логиката по која се воделе при развојот на Android апликацијата. Предноста на мобилните апликации секако е тоа дека ќе можете да пристапите од било кое место во било кое време, а тоа што го нудат е следното:

  • Надградба на WordPress, теми и додатоци;
  • Пристапување со еден клик до било која работна табла;
  • Групно инсталирање на теми;
  • Групно објавување на написи и коментари на повеќе веб-сајтови;
  • Следење на достапноста (uptime) на веб-сајтовите;
  • Следење на посетеноста на сите веб-сајтови од едно место.

ManageWP е српски стартап започнат од Владимир Преловац во 2010-та година и во моментот на целиот тој проект работат точно 20 развивачи од повеќе области.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top