Први рецензии на Oculus Rift: Започна ерата на виртуелната реалност

Image courtesy of Oculus/Facebook

Oculus Rift конечно пристигна, а најголемите светски медиуми имаа можност да го разгледаат уредот од прва рака. Според првите рецензии, уредот е фантастичен, иако недостаток е одлагањето на контролерот кој ќе биде достапен подоцна годинава, но и дел од игрите кои се лошо портирирани и предизвикуваат морска болест.

„Би можела да останам во виртуелната реалност со часови, поважно и сакам да останам со часови во виртуелната реалност“, вели Ади Робертсон која го тестираше уредот за Verge.

 
Она што е добро за сите кои сакаат, и можат веднаш да си го дозволат уредот од 600 долари, е што има доволно игри да се тестира, а се најавени уште наслови. За жал, засега нема премногу видеа и оние кои се достапни се кратки. „Во основа имав куп содржинати додека ја тестирав виртуелната реалност, но на крај се вратив на EVE: Valkyrie и Lucky’s Tale, кои доаѓаат во комплет со Рифт. Всушност, тие се доволно импресивно и би се осмелил да ги наречеме први VR killer apps“, вели Engadget.

 
Сепак најголем проблем според сите рецезенти е цената. Можеби 600 долари и не се премногу за уред кој овозможува вистинска виртуелна реалност, но за Rift ќе биде потребен и компјутер кој чини околу 1.000 долари, а тоа е основната машина. „Стоев сам во празна соба до бесен диносаурус. Неколку секунди подоцна бев околу логорски оган со лисица, срна и зајак. На крајот бев на врв на облакодер гледајќи надолу“, вели Брајн Чен од New York Times, кој сепак се согласи дека ова е прв модел на Oculus и можеби е подобро да се почека за повеќе содржини кои ќе ви го задржат вниманието.

 
Што се однесува до опциите на самиот уред, изгледа дека е посложено отколку што изгледа. Verge пишува дека доколку е премногу стегнат, ќе добиете главоболка, но New York Times вели дека причината за ова можеби сепак е напорот на очите. „Се чувствував ментално преморен по 20-минутна сесии. Моите очи беа заморени по половина час, а по една недела добив нервен тик на окото…“

По првите прегледи сепак сите се воодушевени од виртуелната реалност на Oculus Rift. За околу половина година ќе излезе и контролерот, па играчите ќе можат и повеќе да се внесат во играњето или во работата. Дел од идната технологијата како 4К дисплеј за мобилни ќе помогне да се подобри искуството ори играњето, а со излегувањето на HTC Vive на Steam без сомневање ќе пристигнат повеќе игри за сите уреди. Она што ќе биде интересно да се види е дали виртуелната реалност ќе биде доволно интересна да го раздвижи и пазарот на компјутери кој подолго време има проблеми со продажбата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk