Њу Џерси можеби ќе ги казнува пешаците кои пишуваат пораки

Пишувањето пораки во движење наскоро може да стане забрането и за пешаците во американската држава Њу Џерси. Казната за пишување на пораки при поминување на улица, доколку се донесе предлог-законот ќе биде иста како и онаа за поминување на улица на неодбележано место – 50 долари или 15 дена затворска казна, но можно е да се применуваат и двете казни.

Главната причина за предлагање на овој закон е зголемувањето на бројот на повреди на пешаците. Во период од 2005-та до 2014 година смртноста на пешаците при незгоди е зголемена од 11 на 15 отсто. Законот кој го поднесува Њу Џерси не е прв ваков закон, но во останатите држави овие законски решенија беа одбиени.

Според предлог-законот ќе се казнува секое преминување преку улица додека се користи електронски уред за комуникација, кој не е „hands free“. „Расеаните пешаци како и расеаните возачи се опасност во сообраќајот. Кога некој поминува преку улица фокусиран на својот телефон, тој е подеднаква опасност за возачите како и некој кој минува на неодбележан премин, и би требало да се казни со истата казна“, објаснува поднесувачот на предлог-законот, демократката Памела Лампит.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments