Доколку нема некое изненадување, тогаш веќе ги видовме најинтересните уреди за виртуелна реалност. Oculus RIft, HTC Vive и PlayStation VR се уредите кои ќе се натпреваруваат за освојување на гејминг просторот следните неколку години. Прв од уредите излегува Oculus Rift, но за корисниците најверојатно е подобро да проверат кои се и со колку игри доаѓа уредот. Доколку го купувате уредот за виртуелна реалност за работа, тогаш уште подобро ќе биде да проверите дали ќе има поддршка и од софтверот.
Steam веќе подолго време има Steam VR категорија, а сега додаде две подкатегории: Oculus Rift и HTC Vive. Oculus кој започнува со продажба на 28 март има веќе 29 игри, а наскоро пристигаат и други 11 кои сепак нема да бидат достапни на денот на излегување. Најверојатно најголемите наслови кои ќе бидат достапни за играње во виртуелната реалност се EVE Valkyrie која доаѓа бесплатно доколку корисникот го купил уредот во предпродажба и Elite Dangerous која подолго време е достапна на Steam. Двете игри чинат околу 60 долари.
Освен овие две игри интересни се и: Project Cars, Chronos, AirMech: Command, The Climb и Keep Talking and Nobody Explodes.
[…] подобри искуството ори играњето, а со излегувањето на HTC Vive на Steam без сомневање ќе пристигнат повеќе игри за сите уреди. […]