0 коментари 2 мин. читање 29 март, 2016

ИТ настан: Следниов викенд е Game Weekend!

Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА во соработка со фондацијата е-Македонија ве повикува на два дена посветени само на видеоигрите. Game Weekend е закажан за викендот кој е пред нас, 2 и 3 трети април, и ќе се одржи на плоштадот Македонија во просториите на Македонски Телеком.

Посетителите првиот ден ќе можат да се запознаат со деталите и искуствата на дел од најдобрите развивачи на видеоигри во Македонија. На настанот ќе учествуваат програмери, цртачи, и дизајнери на ААА игри, и инди развивачи. Дел од темите кои се предвидени се однесуваат на најчестите прашања кои си ги поставуваат развивачите од „Како да започнете да правите видеоигра?“, па сѐ до „Колку ресурси ви се потребни за маркетинг?“ или „Како да внимавате на приказната?“.

Вториот ден е посветен за нов официјален Hearthstone турнир. За жал, сите 64 натпреварувачки места се веќе пополнети, но има повеќе од доволно простор за публика. Пред настанот МАГДА го промени логото, а новото лого може да го видите подолу.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}