2 коментари 2 мин. читање

Први импресии од Windows 8

Ја гледавте презентацијата за новиот двоен Windows 8 наменет за декстоп и таблет компјутер? Го симнавте и инсталиравте Windows 8 Developers Preview? Тогаш да чуеме што мислите…

„Го инсталирав на virtalbox, добар е засега, само овоа Metro UI ми иде на нерви, да не најде некој како да се изгаси. Тотално непотребно на десктоп PC.“, вели FiC DoGG.

Windows е најкористениот оперативен систем, неговото редизајнирање и промена на интерфејсот значи и промена на навиките на како се користи овој ОС кај скоро 90 отсто од сите корисници на компјутери ширум светот. Но како е прифатена оваа промена?

„Сметам дека многу од корисниците пре-остро реагираат на промените на интерфејсот; можам да сфатам повеќето од корисниците на почетокот да го преферираат „стариот добар“ интерфејс на Windows поради блискоста што се изградила низ годините, но објективно Metro изгледов е ништо повеќе од глорифицирано Start мени. Сметам дека на никаков начин нема да ја попречува продуктивноста на корисникот.“, вели Goaty.

„Зошто само метро? Интерфејсот со „прозорци“ (windows) е мртов. Иднината е на апликации на цел екран, од типот на оние присутни на Аndroid и iOS. Метро UI би бил потег во права насока – но за жал Мicrosoft секогаш биле кукавици да направат нешто радикално различно и затоа се зад Apple и Google, по иновативност. Windows од секогаш бил платформа кај што ќе ти натрупаат се и сешто, па ти снајди се.“, вели Krale.

Дискусија, прашања, импресии, критики или пофалби, и скриншотови ќе најдете на форум

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top